Германските власти треба да го разгледаат продолжувањето на таканареченото „балканско правило“ за доведување на нискоквалификувана работна сила од земјите од Западен Балкан, но поради ситуацијата, по ова прашање дојде до конфликт во владејачката коалиција.

Можноста за носење на работници од Западен Балкан е ограничена до крајот на годинава, но беше планирано да се продолжи, што сега го оспоруваат политичарите од редовите на партијата на Меркел.

Политичарите го поставија прашањето дали Германија и понатаму може да прифаќа десетици илјади неквалификувани работници од Западен Балкан. Според, Феликс Паклепа од Сентралниот сојуз на греманското градежништво бер работниците од балканските земји, ќе дојде до големи проблеми во тој сектор. Истовремено, тој нагласува дека работниците од Западен Балкан имаат долгогодишно искуство, а токму таква стручна работна сила му недостасува на германскиот пазар на труд.

Но, сега во ова време, дојде до непоасакуван раст на евработеноста во Германија, па, како што нагласува портпаролот на владејачкиот блок, Матијас Мидлберг, не смее да се случи паушално продолжување на правилото за работниците од Балканот.

Крајната десница во Германија, АФД смета дека тоа е одличен став, а за разлика од неа, Социјалдемократите, коалицискиот партнер на ЦДУ/ЦСУ, инсистираат на продолжување на „балканското правило“.

Во текот на неделава, се очекува коалициските партнери да дефинираат дали и понатаму ќе биде отворен влезот за балканските работници во Германија.

Најчитани вести