Топлото време ги натера Грците да заборават на коронавирусот и масовно да ги преплаватаплажите, со оглед на тоа дека ова е прв викенд без рестрикции, откако државата почна да ги олабавува мерките.

Тоа што може да се забележи е дека  не се почитуваат мерките за социјалната дистанца, кои се уште се препорачуваат поради пандемијата.

Плажата на грчкото езерто Вуљагмени, како и плажата Кавоури и Глифада биле преполни со млади семејства со деца со оглед на тоа дека викендов се прогнизираа околу 35 степени целзиусови.

Може само да се претпостави колкава ќе биде гужвата наредниот викенд, за кога се предвидуваат повисоки температури.

Најчитани вести