Што би рекол Франц Кафка во Замок (Das Schloss), ние сме во долга ноќ без сон. Тешка и темна, која никако да заврши, полна со неизвесност, страв и привидувања. Талкаме во темнина, се удираме едни од други, се обвинуваме меѓусебно. На другите ноќта им се мери во часови, нашата долга ноќ трае повеќе од три години.

И, пак да се вратам на Франц Кафка: кој решил да се самоубие никој не може во тоа да го запре. А она што ние го правиме е токму тој пат. Пат до самоуништување. Тотално. Национално, културно, економско. Оние кои ја гласаа оваа власт се во првите редови на патот до самоуништување, другите се на сила туркани во колоната. Ќе успеат ли вториве, што не се за Заев, кои сакаат да живеат, да раѓаат, да работат и создаваат, да зборуваат македонски јазик, да имаат слобода на избор, да бидат еднакви со другите во Европа да се оттргнат од колоната и патот кон самоуништување? Ќе видиме наскоро, изборите се блиску. Секој има избор.

Звучи темно ова, а? Звучи, да. Но, покажи ми каде е светлото, убеди ме, и јас ќе тргнам по тебе. Дотогаш, ова што го знам е патот до светлината. Да ги погледнеме неколкуте работи што живот значат, и да го видиме местото каде сме ние, што се и кои се оние кои ја предводат колоната кон самоуништување:

Нација. Ние сме народ, се раѓаме како Македонци. Зборуваме македонски. Тоа не одвојува и разликува од другите, говорот не разликува од животните. Нацијата создава национална држава, со равноправни граѓани, кои нацијата ги штити во време на војни, епидемии, кризи и ја развива и одржува културата, правниот поредок, слободата, образованието и свеста на граѓаните. Такви се сите нации во Европа, освен нас.

Имаме ли ние нација? Има ли нацијата држава? Со откажувањето од Илинденското востание кое сега го делиме со Бугарија, и по откажувањето од АСНОМ ние немаме ни корен ни тапија дека сме нација со национална држава каква имаат сите други во Европа. По договорот со Бугарија дека ќе се откажеме и од јазикот – приказната за македонска нација е завршена. Кога ќе ти го сменат полот, ти си јалов куп месо без идентитет. Нација кога молкум гледа како и го менуваат полот, од машко станува женско кое не може да раѓа.

И, што вели предводникот, Заев: Ебаму името ебаму, ќе го сменам. Ебем ти таков народ ако не гласа за мене. Ги изеба сите Зоран Заев, некои уживаат додека се ебени во мозок, и чекаат наплата за ебењето. Ебењето врви, парите ги нема.

Држава. Имаме ли ние држава? Која е таа. Основен белег на државата е територија, народ и правен систем на целата територија. Кој народ живее во Северна Македонија? Ако мислите дека тука живеат Македонци проверете го тоа во Германија, Британија. Дали правниот систем во Арачиново, Грчец или Тетово е подеднаков со оној во Штип, Неготино или Берово. Дали се применува ист закон за дивоградба на џамија и минаре во Охрид и за дивоградба хотел во Гевгелија. Дали подеднакво одговараат функционери и активисти на партија на власт како другите.

Дали е држава кога една земја се откажува од своето малцинство во Грција и Бугарија. Знаете ли некоја друга таква, јас не знам. Дали има друга држава која од својата химна брише спомнување на нацијата која ја создала државата. Партијата стана држава. Партиски активисти добија државни ингеренции.

Кога ќе се откажеме од македонскиот јазик како автентичен, кој меѓународно признаен јазик останува во Македонија. Албанскиот. Откако Заев го дигна на ниво на државен јазик, тој ќе стане и единствен признаен јазик на државата. На Северна Македонија. Ти по дома збори како сакаш, никој не ти брани. А најдобро е да не збориш, кога требаше да се збори ти ќутеше. Еден ден ќе биде касно за зборење.

Што кажува Заев за државата: Не ни треба Илинден, го бришам АСНОМ од Устав. Под контрола ми е СЈО, судот. Мои се. Му наложува на претседател на Врховен суд што да прави, па го менува. Нема мене еден педер и суетен новинар да ми соборат власт. По отварање на Рекет најави метла за чистење на баграта во власта и партијата. Чистење немаше, многу багра се собрало.

Граѓанин. Тоа е лицето, единката, која е составен дел на нацијата. На државата. Ако државата не те запише, ти не постоиш. На државата и плаќаш данок за да ти обезбеди здравство, образование, заштита, сигурност, култура, правен систем, слобода и еднаквост.  Кога државата ќе забега медиумите, интелектуалците и невладиниот сектор треба да ја вратат во колосек. Државата е забегана, ги потроши парите од буџет за свои тендери. Здравството падна. Ги злоупотреби телефонските разговори на граѓаните за сопствена власт и контрола, за држење на граѓаните во страв. Едно општество за сите, продаваше Заев мантра. Има толпа, но, нема општество. Хаосот и сиромаштијата ги делат сите. Равноправно. На граѓаните пред судот не им вршат работа адвокати, партиската книшка пресудува.

Што вели Заев: Студентски пленум, тие невладините што се финансирани од Сорос сите се е мои. Телефонските разговори му ги дадов на затвореникот Чауш, да ми го има стравот Али Ахмети. При жив потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, Чауш ќе им вршел превод. Плански држи во страв десетици иљади луѓе. Социјалните мрежи се полни од слики на негови функционери со дилери од подземјето. Здравството сакаше да го приватизира. Судот е киднапиран.

И сега следат избори. Треба да избереме човек кој ќе ја предводи нацијата, ќе ја организира владата за потреби на граѓанинот. Ако ти се погодило ебењето од Зоран Заев, си ги решил своите потреби. Но, мнозинството има потреби кои не се да го ебат политичари, нешто друго му треба. А сака да го оствари во сопствената држава, и да се сочува себе како дел од сопствената нација. Се е тоа загубено, или на пат кон самоуништување. Колкава е твојата потреба да си го уништиш животот?

Од Заев веќе избегаа неговите Анѓушев, Ден Дончев, Максим Димитриевски... Наводно ги предал телефонските разговори на СЈО но, потоа кажа дека ќе продолжи да ги објавува, иако ги нема. Но, ги имал, и тргувал со нив. Последните разговори кои ги слушнавме деновиве се со соговорник од најблизок ред околу Заев, еден од важните кои му овозможија да дојде на власт без победа на избори. Презиме многу познато во јавноста. Не можат веќе да го поднесат Заев.

Дали навистина заслужуваме да не води неписмен лик кој е за потсмев со своето незнаење: Турците се бореле против Осмалиите вели Заев... промовира некои ебај кампањи... зборува за македонски мултиетнички народ... не ги знае ни знамињата на европските држави... за него охриѓанецот Григор Прличев е велешанец... тој бил сидро кое  ќе не влечело напред... Европа била најсекси девојка во светот, а Македонија богато ќе ја мажел... Струмица ќе ја збратимел со солунската општина Панорама која воопшто не ни постои... навивачот на Шкендија Зоран Заев вели дека на 31 декември ќе објавиме дека изборите ќе бидат на 11 декември... дека холокаустот е дел од еврејската традиција... на денот на победата над фашизмот тој објавува поштенска марка со фашистичката НДХ на Анте Павелиќ... за него Прилеп е во полошкиот регион... за на Алсат да изјави дека тој и сите се осеќале – фригидно...

Тоа е. Ноќ е, а нашата ноќ е долга. Некои ги затвориле очите и замислуваат дека е поинаку, дека утре ќе биде подобро ако не сменат ништо. Очите ќе им бидат толку многу долго затворени што ослепуваат, и не разликуваат ден и ноќ. А ги чека живот. Па, иако е ноќ, барем запали го светлото да се видиме како луѓе, и да живееме како луѓе додека утрото дојде и за нас.

Д.П. Латас (11.05.2020)

Најчитани вести