Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ. Според српските медиуми, Теа Таировиќ пеела заедно со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот. Шабан по настапот отишол во хотел, од каде што изутрината од Дизелдорф требал да лета за Белград.

Кога останатата група отишла на аеродромот им било кажано дека Шабан имал несреќа и дека бил повреден, по што им било соопштено дека им подлегнал на повредите.

Таа по враќањето во Белград за тамошните медиуми тврди дека една работа и го спасила животот.

,,Јас за време на летот го изгубив куферот и се нервирав околу тоа. Шабан и неговиот колега ми велеа: ,,Е да доаѓаше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот””. Да одев со нивниот лет, ќе бев заедно со нив и во автомобилот кога се случи несреќата”, раскажува таа.

Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите, информира српски „Блиц“.

Шаулиќ во моментот на несреќата, патувал кон аеродром. Тој не го возел автомобилот, туку имал возач. Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.

извор: Makfax

3

Најчитани вести