“СДСМ со системски мерки во земјоделието ќе обезбеди државна гаранција за откупот на јаболкото и пласманот на јаболкото. Со низа системски решенија ќе го подобриме амбиентот за производство и развој на земјоделието во РМ, но најважно од се е дека новата влада на СДСМ, по промената на власта, ќе обезбеди достапност до субвенциите за земјоделците, за вистинските земјоделци, а не за луѓето коишто воопшто не се занимаваат со земјоделие, а сите овие 10 години ги злоупотребиле субвенциите. Промени ќе има и мора да има”, изјави актуелната пратеничка од СДСМ во Собранието, Фросина Ременски, при посетата на Преспанскиот регион пред парламентарните избори во 2016 година.

Но, состојбата на терен е сосема поразлична.

Над 2000 производители на јаболка од Преспанскиот регион денеска над два часа го блокираа патниот правец Битола-Ресен.

Одгледувачите на јаболка од овој регион бараат субвенционирање на индустриските јаболка со по 3 денари за килограм и решавање на слабиот пласман.

Тие побараа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според овоштарите, нивната состојба е многу тешка. Се работи за бројка од над 50.000 тони неоткупени јаболка, за кои цената е премногу ниска.

Според нив нема пласман ниту на индустриското, ниту на трпезното јаболко.

1
loading...

Најчитани вести