Вкусни и едноставни грицки, кои ќе ги обожава целото семејство.

Потребни состојки:

  • 300 г брашно
  • прашок за печиво
  • сол по желба
  • 150 г рендан кашкавал
  • 250 мл јогурт

Начин на приготвување: Сите состојки заедно се месат, а од добиеното тесто се расукува кора со дебелина од околу еден сантиметар. Формите можат да се сечат со калапчиња (по желба), за да им бидат поинтересни на децата, а доколку немате, можете тоа да го направите со чаша, па ќе добиете кругчиња. Се печат 20 минути на 200 степени.

Најчитани вести