Колку и да звучи несериозно, амбиентот нема алтернатива или пак подобра алегорија за да се одслика ситуацијата. Има една досетка која вели ‘‘ подобро да паднеш у депресија него у септичка јама‘‘.  А јас прашувам како ли изгледа ако паднеш депресивен у септичка јама?! Комплетен  угоџај. Битно е да не го изгубиш духот. Насмеј се, има и бетер викаат. Е, што е бетер од ова?! Воена состојба? Не! Од ова бетер е само да имаш депресија, паднат у септичка јама, а плус да имаш корона вирус! А капак на се да мораш да гледаш за 1Мај исти сурати како и секој ден, зашто ако планираш да бегаш некаде, тоа е ‘‘судбино јебем ти матер‘‘!

Шегата на страна, алегоријата е сериозно сериозна работа ако во акалот имаш процесор кој може да ги спои коцките и да созаде вистинска слика. Ниту на крај памет не беше никому дека ке се случува карантин, вонредна состојба и општа психоза. Пред да се соочиме со Корона вирусот, по медиумите имаше две теми со која отекуваа медиумите. Судство па судство и вонредни избори. Да, го заборавивме и Боки 13! Јаден тој, како ли му е у ќелија у која навечер треба да трпи туѓи предежи.

Никого више не интересира каде заврши Луј Витон ташната. Јебеш сеа и ташна и судство! Одеднаш, се свртевме кон сево ова кое стави настрана се живо.  Арно ама, отвори други теми кои се од суштинско значење, а след кои консеквенците допрва ке ни заиграат пред очи. Психоза и општа депресија. Латентен ‘‘домашен притвор‘‘ спакуван во оправдување дека тоа е карантин за наше заедничко добро.

Ке се согласам дека е за наше добро, ама не бевме ниту спремни за ова,  ниту пак помислувавме дека некој и нешто ‘‘ќе не убие у поим‘‘. За дабиде депресијата уште поголема, и зомбизмот да достигнува катарза, перманентно сме бомбардирани од медиумите дека сево ова допрва ќе има економски последици, а тоа под дифолт подразбира социјални, амбиентални, меѓучовечки. За политичките допрва ќе збориме. Значи, под таква депресија е народот, што грогираноста од него направи билки кои некој ги контролира како и дали ќе се подвиткуваат на секое ветре. Ако продолжиме да анализираме онака народски по принципот на алегорија, значи амбиентот што допрва не очекува, а дефинираноста му се сведува на септичка јама, тогаш најверодостојната дефиниција на нашето секојдневие ( не реков држава) би изгледало вака:

Ем депресивни, ем у септичка јама ... ЌУТИ ПЛИВАЈ И НЕ ТАЛАСАЈ!

Брзи избори у Јуни?! Жити се! У оваа ситуација у која не се знае која чорапа на која нога иде? Тоа во актуелнава ситуација на никој освен на власта не и одговара. Реално гледано! Ниту бранам ниту напаѓам некого, но реално гледано не постојат никакви реални услови за нормални избори, иако се вонредни. Ајде да кажеме дека секој верува во себе, ама во ситуација во која власта кука дека нема пари и цело време вели дека допрва се зазајмува, тоа пред се е реално огромен трошок за државата. Тоа е прво.

Понатаму, моделот на кампања која во еден експресно мал рок ке треба да се спроведе, а згора на тоа и под усови кој аактуелната власт ќе ги диктира е нонсенс. Понатаму, во таа кратка фаза на кампања во која под ‘‘сакати услови‘‘ политичките партии ќе треба да презентираат програми, се доведува во прашање колку релевантно и доследно ќе може да ветуваат нешто во кое секој ден иднината мафта со информација дека ‘‘ за утре не се знае‘‘ како ќе биде. 

Е па не можеш да правиш избори додека не се ‘‘слегне‘‘ ситуацијата до ниво да можеш да предвидиш барем една година однапред што ќе се случува, за да можеш да пласираш и програма и да му ветиш на народот нешто што не можеш да исполниш. Па макар тоа не било по твоја вина. Зошто на власта и се брза? Едноставно. Таа го јава коњот и таа ги држи и политичките и амбиенталните узди во свои раце. Во оваква ситуација работата е ‘‘ дај да ве издупиме набрзака‘‘ дур ни се може.

Е, ајде да поставиме едно вакво прашање. Како да се направат избори а да никој нема политичка штета, поточно ‘‘да не биде издупен‘‘.  Во моментов тоа е невозможно.  Сосема друго а ако амбиентот вели, ‘‘ајде да направиме избори ради функционалност‘‘, а не ради власт. Да направиме брзи избори во кои ќе има широка коалиција која ке ја понесе одговорноста за ‘‘оправување‘‘  на државата за сите нас, а истовремено нема да има ‘‘поразени и издупени‘‘. 

Една работа е евидентна! Без разлика на тоа што работата во општеството ќе биде ‘‘дрш ми го Маре гајтанот‘‘ уште не баш кратко време, ќе има економска и секаква криза, сепак големи пари ќе играат на маса. Кредити, медити, грантови, помош, а бе и на тетка му гаките на маса ќе бидат а некој треба да го лиже кајмакот од врвот на тенџерчето со млеко. Кој ќе го лиже кајмакот!? Левицата, десницата или ‘‘ средницата‘‘! Кој е тоа средницата! Па, народот! Тој никогаш не го лижел кајмакот. Тој го јадел стапот у сите комбинации и секогаш.

Која и да е екипата која на овие брзи избори би победил, нека и е Господ напомош!

А народот, оној депресивниот кој паднал во септичка јама, нити некој некогаш ‘‘го ебавал‘‘, ниту ќе го ебава. Додуша да! Ќе го ебава, ама само до моментот кога ќе го уфрли своето ливче во гласачкото сандуче. А, од утредента ке биде како ‘‘завчера‘‘. Нарое, знам дека си депресивен, ама ќути, пливај и НЕ ТАЛАСАЈ ! Ама, смрдело,... А бе ќути и ти сеа, не кењај!

ИМА И БЕТЕР! .. ( некој се дере од преку улица)...

Агим Јонуз

Најчитани вести