Доколку сте љубители на домашно печиво, еве еден едноставен рецепт. Појадокот ќе биде готов за помалку од половина час.

Потребни состојки:

  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја брашно
  • три лажички шеќер
  • две лажички сол
  • три и пол лажички прашак за печиво
  • 1/3 шолја масло
  • 1 јајце
  • шолја млеко

Начин на приготвување: Во длабок сад измешајте брашно, пченкарно брашно, шеќер, сол и прашак за печиво. На средина сипете млеко, масло и изматено јајце. Мешајте додека да добиете изедначена смеса без грутки. Сипете во калапот за мафини и печете 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

На здравје!

Најчитани вести