Според новите истражувања на канадски историчар, појавата на грип од 1918 година во која загинаа 50 милиони луѓе потекнува од Кина.

Долги години од минатиот век научниците и медицинските истражувачи жестоко се расправаа за потеклото и на појавата на грип во 1918 година. Иако пандемијата беше наречена „шпански грип“, се чини дека името на епидемијата е дадена според Шпанија заради пропаганда, имено епидемијата посилно ја погодуваше во тоа време воено неутралната Шпанија затоа што земјата беше ослободена од цензури околу информациите за весниците под воена контрола како што се оние во Соединетите држави, Франција и Велика Британија кои ги минимизираа извештаите за појава на смртоносен грип со цел да се спречи потенцијална паника.

Додека некои истражувачи укажуваа на жаришта во воениот логор во Канзас или рововите на првите воени редови во Франција како жариште на болеста, канадски историчар верува дека открил докази за поддршка на теоријата дека „шпанскиот грип“ всушност потекнува - од Кина.

Според новиот напис објавен во изданието во јануари 2014 година за списанието „Војните низ историјата“, историчарот Марк Хемфрис од канадскиот Меморијал универзитет во Њуфаундленд укажува на новооткриените записи за случајот дека смртоносната пандемија на грип за прв пат се појавила во Кина во 1917 година, а потоа експлодирала низ целиот свет „откако претходно изолираното население стапи во контакт едни со други на бојните полиња низ Европа“.

Хемфрис, автор на „Последната чума: шпански грип и политика на јавно здравје во Канада“, пишува дека жртвите на мистериозната респираторна болест што избувна во северна Кина во ноември 1917 година, починаа многу жртви од истите симптоми како оние на „шпанскиот грип “. Лекарите известиле дека пациентите помодрувале од недостаток на кислород, кашлале крв и страдале од треска, главоболки, пневмонија и останување без здив.

Високо заразната и смртоносна болест беила особено необична по тоа што убила инаку здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 40 години, навидум вртејќи ги нивните силни имунолошки системи против нив. Сепак, без цврсти научни докази за причината за појавата, локалните кинески здравствени власти ја нарекоа „зимска болест“ и избраа да не ги ставаат граѓаните во карантин, и не нардиле ограничувања за патувањата.

Како се проширил вирусот на грипот од Кина во Северна Америка и Европа? Хемфрис укажува на историска фуснота од Првата светска војна - пратката на 94,000 работници од северна Кина до јужна Англија и Франција за да ги ослободи британските и француските државјани кои можат да се борат на првите редови на Западниот фронт.

За време на зимата во 1917 година, повеќе од 20.000 работници месечно од подрачјето заразено од чума во Кина пристигнувале во британскиот пристанише Ваихавеј како увезена работна сила. Тие беа сместувани во преполни касарни во кои грипот навлегол и потоа се ширел меѓу војниците од Европа. Иако Британците забележале појави на грип во нивните касарни, тие сепак ги прифаќале дојдените кинеските работници.

Кинескиот корпус работници за Британија првично бил транспортиран низ Африка или преку Суецкиот канал, но бидејќи тие ресурси биле неопходни за транспортот на војската, Британците нашле алтернативен пат како Кинезите да дојдат во Европа. Патот водел преку Канада.

Канада дала согласност за кинеските работници да пристигнат во Ванкувер, да патуваат низ целата земја со воз и потоа да заминат за Европа од атлантското пристаниште Халифакс. Како и да е, со намера да се сокрие операцијата поради воената состојба во која била вклучена и Канада, како и заради можен отпор на локалното население и можноста кинеските работници да се обидат да избегаат и останат во Канада, канадските власти ја чувале операцијата во тајност, забранувајќи информации за настанот во весниците и ставајќи специјални армиски чувари во затворените возови со кинеските работници и нивно сместување во кампови оградени со бодликава жица.

Хемфри открил медицинска евиденција што укажува на тоа дека повеќе од 3.000 од вкупно 25.000 работници од Кина што биле транспортирани низ Канада на почетокот од 1917 година завршиле во медицинска карантин, многу со симптоми слични на грип. Грипот се пренел и врз канадските чувари и наскоро се проширил во Северна Америка.

Стотици Кинези кои продолжиле кон Европа умреле од респираторни заболувања, а грипот што го донеле со нив „мутирал и експлодирал по војната“, според статијата во списанието. Избувнувањето на грипот што дошол од Кина се случувало првично во Северна Америка, а потоа и преку Тихиот океан во Европа.

Овој смртоносен бран, сепак, се покажа ногу помалку смртоносен во самата Кина каде таа мистериозната болест избувнала во 1917 година, за која Хамфрис укажува како потенцијален доказ дека тоа е епицентарот на епидемијата, бидејќи сугерира дека „одреден имунитет бил веќе присутен кај конеското население и доселениците низ Европа затоа што тие претходна биле изложени на вирусот “.

Мистеријата за потеклото на „шпанскиот грип“, сепак, не е целосно решена. „Само со ДНК-тестирање на примероци од овие претходни епидемии, како спомнатата во Кина, може навистина да се потврди или негира оваа теорија“, заклучува историчарот Хемфрис.

History.com

Најчитани вести