Министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста хоспитализираните заболени од Ковид – 19 да плаќаат партиципација за болничкото лекување.

- Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме во предвид и плаќање на партиципација. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

За соопштението испратено од директор на една клиника до вработените во кое им порачува дека излегување во медиуми е дозволено само со писмена согласност од директор и оти ќе биде санкционирано секое излегување во медиумите кое и штети на угледот на клиниката и ја разнишува довербата на вработените во услови на криза и влева недоверба во постапувањето  на епидемиолошките служби и институциите на системот, рече дека ќе го провери и ќе информира што е причината за ваквата комуникација со вработените.

- Разговарав со директорката непосредно пред започнувањето на прес-конференцијата и ја замолив да ми ги прати сите мејлови и комуникација. Лично не се согласувам со ограничување на информациите. Стојам зад тоа отворено, транспарентно и точно да информираме во било кој момент и дека не поддржувам какво било ограничување на каква било комуникација. Ќе разговарам, па ќе информирам што е причината или позадината на ваквата комуникација, потенцира Филипче.

Филипче додаде и дека но Одделението за гинекологија и акушерство во Куманово се почитува протоколот и постои посебен дел за изолација каде секоја родилка која е позитивна на коронавирусот може сосем безбедно и сигурно да се породи. Со ова одделение сме во постојана комуникација, и пациентите од таму по потреба се праќаат во Скопје.

Тој во одговор на новинарско прашање додаде дека одделенијата во болницата во Куманово, и покрај тоа што дел од персоналот не доаѓал на работа поради вирусот, сепак работат целосно секогаш кога ќе може да се организира работата.

-Болницата во Куманово со оглед на тоа што имаше голем број на персонал кој што не одеше на работа, дел беа заболени, дел беа во изолација согласно контактите и прашалникот, работат целосно одделенијата каде што може да се организира работата, конкретно за гинеколошкото одделение и за оддечението за инфективни болести сме во секојдневна комуникација и по потреба сите тие пациенти се праќаат во Скопје, по претходна најава. Во еден момент сите пациенти кои беа хоспитализирани на инфективното одделение, дел беа пуштени дома, согласно проценката, дел во Скопје, понатаму се примија нови петнаесетина пациенти, но во координација дека таму работата може да биде организирана, рече Филипче

Најчитани вести