Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Дортмунд и Билефелд.

Како што информираат српските медиуми, автопатот бил блокиран цели пет часа по незгодата.

До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите, информира српски „Блиц“.

Шаулиќ во моментот на несреќата, патувал кон аеродромот. Тој не го возел автомобилот, туку имал возач.

Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.

Несреќата се случила околу 6:50 часот наутро, во Верл на автопатот А2. Автомобилот во кој се наоѓал Шаулиќ се движел во правец на Дортмунд.

извор: Makfax

10

Најчитани вести