Во секојдневието имаме толку многу ограничени умови, што секоја анализа или пак чепкање по светоста на религиозната догма се смета за богохулење. Без давање шанса да се елаборира мислење кое не се согласува со она на оџите и поповите. Дали значи дека некој друг не верува во Бог/Аллах ако не е идентичен во својата опиеност од неразликувањето каде е Бог/Аллах а каде се црквите и џамиите. Каде е чистотата на господ, а каде е машинеријата наречена ‘‘сречо моја чорави народе‘‘. Религијата е лек и отров. Мајка  и маќеа. Вода и огин. Се  зависи што таа во тебе буди и каде го води твојот ментум и корпус. Дали на неа гледаш како водилка или како на душевна храна. Дали мозокот што Бог/Аллах ти го дал и инсистира да го упортебуваш то создава радиус на размислување не пошироко од десет сантиметри околу носот, или пак напротив, како што Бог/Аллах инсистира да го отвориш умот кон сознанија, напредок, а најмногу позитивна социјална еволуција. Тоа, воопшто не значи да го забораваш, да не го сакаш и да не го носиш во себи се Бога/Аллах!

Во време во кое пред нас се големи религиозни празници од двете вероисповести, ние сме во клучниот момент на тест на здрав разум. Кога зборуваме за разум, подразбираме дека треба да сме свесни дека сите ние во овој период сме соочени со нешто што се вика – природа и законите на природата.  Да, некој ќе рече ‘‘ па тој ја создал природата‘‘. ДА, ама тој создал и ‘‘офсајд замки‘‘ за оние кои во таа природа се препуштаат на ‘‘горноземски‘‘ наместо на ‘‘овоземски‘‘ модели на решавање невољи и проблеми од животен карактер.  Тие истите се жртви на едниот од четирите јавачи  на апокалипсата кој носи болести, црнила и смрт! Во време на технолохија која открива нови галаксии.

Верувам во Бог/Аллах. Но! Не и во она што се вика ‘‘администрација‘‘ која регулира кој е верник а кој не. Кој е за ‘‘десна врата / пекол‘‘, а кој е да оди право по ходникот па трета врата лево ‘‘ у рај‘‘. Која регулира дали твоето семејство е меѓу оние кои се како што налага господ или ѓавол. Која регулира и креира подсвест во која треба да биде сместено чувство на вина ако не си ги ‘‘ измирил сметките‘‘ со оние кои што токму треба да те поучат и да ти пренесат божја порака која вели, доволно е да ме носиш во срцето, а се останато е само форма. И, во суштина тука е целата заебанција. Суштина и форма! Нека ми прости Бог/Аллах (EStagfurullah) ако грешам, та грешките се за луѓе. Кога веќе зборуваме за се она што е ‘‘вон Господ‘‘ тогаш зборуваме за администрација која во равенство со здравата логика вели дека тоа се ‘‘it’s all about money‘‘ институции кои живеат токму од човековата љубов кон бога. Чиста комерцијализација на духот и благонаклонетоста на ментумот да соработува со религиозните институции.

Која е цената на ‘‘стравопочитта‘‘ кон бога? Па тој исти Бог/Аллах ти рекол ‘‘ а бе, ајван еден, користи го паметот што ти го дадов‘‘. Дури и Чарлс Дарвин чија теорија се засновува на чиста прородна законитост која не спомнува никаде господ вели дека ‘‘ќе опстанат само тие што ќе умеат да се адаптираат‘‘ ! Како да се адаптираш во време на планетарна пандемија на вирус кој коси животи? Да чекаш на ред за да се причестиш пивнувајки од сребрена лажица од која пивнуваат стотици верници истовремено?! Да одиш по секоја цена во џамија за да Аллах ти ги пере гревовите што во меѓувреме ги пластиш?! Да го ставиш попот/ оџата над природата која вели ‘‘моите правила се над алчноста на администрацијата‘‘.

Бог/Аллах е еден за сите нас. Нема ни партнер, ни секретар, ни пак има некој што го задолжил доле на земјата да ‘‘регулира сметки‘‘ во негово име како потписник на шалтер. Единствената работа која фигуративно можеме да му ја прифатиме е она што можеме да го наречеме ‘‘ одделение за односи со јавност‘‘. Е – тоа се црквите и џамиите. ‘‘PR – section‘‘! Поповите и оџите се едукатори и презентери на божјата/аллахова реч, а не светци. Таа иста машинерија која ја презентира и едуцира човековата душевна галаксија работи и функционира –од буџети! А, од што?! ‘‘Из љубави‘‘!? Алоооо ! Ватикан е најбогатата институција на светот. Ама Ватикан знае што прави! Папата САМ во базиликата Св. Петар одржа велигденска миса и лежеше на под љубејки фигуративно светост. Некој ќе рече ‘‘ а бе Ватикан е тоа‘‘. Е да,... ама перфидноста на маркетингот е сведен на интелигенција. Не собра народ! Напротив. Ќе ги извади парите на поинаков начин. Зарем таму нема верски фанатици во народот? И тоа како! Ама, ајде да си признаеме сите дека Ватикан е ‘‘ Курназ Атанас‘‘! Алоо!

Ова нашиве оџи и попови играат ‘’Gangam Style‘‘ со верниците ( АПСОЛУТНА ПОЧИТ КОН ПРАВ ВЕРНИК) и тоа ачик го признаваат. Вели, ‘‘ а бе ние опстануваме од донирање‘‘! Добро бе ало ајван ни еден, знаеме дека е така. Ама, имај бе усул со здравјето на народот. Имај бе почит кон божјата вистина која вели дека ова не е време да собираш народ во цркви и џамии. Напротив, ти треба да бидеш тој што го штити народот со божја реч која вели ‘‘ послушај попаметен‘‘. Кој е попаметен во моментов. Па – лекарите бе ало ајвааан!!! Тие не ти бранат да веруваш во Бог/Аллах, напротив, многу лекари се исто религиозни, ама тиа тебе ти велат СЕДИ ДОМА. Бог/Аллах  е во тебе и твојот дом! Во твоето срце и мисли. Остај црква и џамија овие месец-два!

Бог/ Аллах простува, но истовремено и казнува. Кому што да прости, кого што да награди? Кому што да рече во време кога не само со црквите/ џамиите туку воопшто со сето тоа што го правиме е не само против неговата реч, туку против самите нас, самоубиствено, автоканибалистички.

Нашата стварност генерално стана ‘‘ GANGAM STYLE‘‘.  Боже/Аллах, прости ни, не знаеме што правиме. Ти знаеш, сите ние чекаме од тебе еден ден ‘‘ сметка‘‘!

Агим Јонуз

Најчитани вести