Неверојатно е како светот, особено моќните и богати држави, ја дочекаа епидемијата на корона вирусот неподготвени и дозволија брз пад на сопствените здравствени системи, економски колапс и десетици илијади жртви меѓу своите граѓани. Паднаа здравствени системи на моќни и богати држави како никогаш и да ги немало, оставајќи стотици иљади луѓе починати, без здравствена помош и заштита, на милост и немилост на епидемијата.

Дали навистина мора да биде така, дали епидемијата е толку моќна за сите тие по неколку недели да паднат на колена? Некои држави, во случајов издвојуваме четири од различни страни на светот, покажаа дека колапсот е резултат на човечкиот фактор: лоша организација, бавност во реакциите и лоша власт која ја загубила контролата врз ситуацијата. Доказот дека се можело да биде поинаку лежи во Тајван, Северна Кореа, Исланд и Германија.

И покрај сигналите дека опасноста се шири низ целиот свет, во многу моќни држави имаше јасен образец на лоша реакција - негирање, збунетост и на крај, пад на системот. Во денешниот глобализиран свет чудно е што толку малку е сторено во раните недели на појава на вирусот, кога шансите за запирање беа најголеми. Фокусот сега е ставен на исправање на кривата или забавување на ширењето на вирусот, за да се запре понатамошното зголемување на бројот на починати. Каде згрешија другите а успејаа само некои? Лекциите од овие четири успешни држави кои постапиле исправно треба да се научат, пренесува Си-Ен-Ен.

Ова се 12-те лекции.

ТАЈВАН

Тајван е држава на остров кој се наоѓа на само 180 километри од брегот на Кина, и само поради тоа државата беше најмногу изложена на опасност од ширење на корона вирусот на своја територија. Избувнувањето на епидемијата од Кина уште во таа прва фаза кога малку се знаеше за последиците од корона вирусот за Тајван можеше да биде катастрофално.

На крајот на јануари, според Универзитетот Џонс Хопкинс, Тајван после Кина имал најмногу заболени од корина вирус во светот. Но, иако Тајван беше во огромен ризик успеа да се спротистави на епидемијата и да ја држи под контрола со минимални последици по животите и економијата.

Тајван има околу 24 милиони жители и, после се, денес се таму регистрирани само 395 заболени, од кои само шест починале, а деновиве немале нови случаи. Тие успејаа во тоа без да воведат ригорозни мерки како што се полициски часови, строги блокади на движење, затворање компании или училишта.

Иако Тајван има универзална здравствена заштита со висок квалитет, здравствена услуга за секого, нивниот успех лежи пред се во подготвеноста, брзината, како и систем за заштита и координација. 

Лекција 1: Бидете подготвени

Ова е првиот фактор кој Тајван го имал и спровел пред другите моќни држави во светот кои на корона вирусот со недели гледаа како на телевизиско реално шоу. Подготвеноста на Тајван за оваа епидемија во голема мера произлегува од научени тешки лекции за време на појавата на САРС во 2003 година, кога според СЗО таму имало 671 заболен од САРС и 84 починати..

Како резултат на таа криза, Тајван има воспоставено специјализиран Централен команден центар за епидемии, кој има посебни автономни законски овластувања да одлучува и ги координира реакциите во случај на епидемија. Центарот беше активиран уште на 20 јануари, ден пред властите да го потврдат првиот случај на инфициран со корона вирус.

Со веќе воспоставениот авторитет, центарот беше во можност да примени ригорозни мерки без да губи време со долгите политички процеси. За три недели, тој иницираше повеќе од 120 акции. Тој список на делување може да послужи како водич за тоа што точно да се направи за време на епидемија во иднина затоа што ниту една моќна европска држава, или САД, немаат ваков систем на делување и заштита туку се зависи од политичките власти.

Лекција 2: Бидете брзи

Тајван беше подготвен за одбрана уште пред да се пријави првиот случај на 21 јануари. Три недели порано, неколку дена откако Кина го пријави првиот случај на СЗО, властите во Тајван започнаа да ги следат патниците на летовите од Вухан во Кина, мерејќи ја нивната температура и сите други симптоми. Тајван издаде предупредување за патување кон и од Вухан на 20 јануари, а два дена подоцна, со само еден регистриран случај на зараза, властите започнаа со подготовка на јавноста со дневни брифинзи.

Една недела по првиот случај, Тајван започна со електронско набљудување на потенцијално ризични лица и инфицирани преку нивните телефони а владата најави ограничувања за патувања и влез главно на патници од и кон кинеската провинција Хубеи, чиј главен град е Вухан.

Тајван не примени крајни, ригидни мерки на заштита со појавата на првите заразени со што не го блокираше економскиот процес во државата, туку вршеше контрола над процесите и делуваше со брзи интервенции од самиот почеток.  Ограничувањата во умерен степен стапија на сила кога имаше 329 случаи и тогаш, на 1 Април, се воведе мерка за социјална дистанца. Резултатот е очигледен, од 1 Април до денес Тајван има само 60 заболени.

За споредба, Британија ги активираше мерките за социјална дистанца на 20 март, откако таму имаа дури 335 смртни случаи и над 3.000 болни , кога премиерот Борис Џонсон објави дека се затвораат училиштата и кафулињата. Брзата и стручна реакција на Тајван и добрата поставеност и стручност на системот денес се отсликуваат во бројките. Нивната економија е во функција, а епидемијата е под целосна контрола. 

Лекција 3: Тестирање, мониторинг и карантин

Властите спроведоа екстензивно тестирање на многу граѓани и пронајдоа контакти со заразени лица, ставајќи ги во карантин. Сите оние кои доаѓаа од местата со регистрирана зараза беа тестирани, па дури и повторно тестирње  луѓе претходно дијагностицирани со грип или пневмонија за да бидат сигурни дека не биле погрешно дијагностицирани и биле заразени со корона вирус.

Лекција 4: Користете податоци и технологија

- Координираниот одговор на владата со целосна соработка на нејзините граѓани беше комбиниран со употреба на големи бази на податоци и технологија, изјави за Си-Ен-Ен Џејсон Ванг Ванг, вонреден професор во Стенфорд. Ванг исто така ја проучувал јавната здравствена политика и ко-автор е на извештајот на ЈАМА за одговорот на Тајван.

Тајван ги комбинираше податоците за здравствено осигурување со базите на податоци на царината и имиграцијата за да создаде сигнали во реално време и да помогне во идентификувањето на ранливите популации.

ИСЛАНД

Исланд е мала држава, со околу 360.000 жители, и навидум е полесна за контрола на епидемијата но, од друга страна, така мала држава има скромен медицински систем и мали ресурси за заштита. Добивањето тест за коронавирус во многу други држави е многу сложен постапка во оваа епидемија, освен ако веќе не сте многу болни. Не не е така и во Исланд, каде секој што секој што ќе посака да биде тестиран од вирусот тоа и го добива.

Во недостаток на силен здравствен систем широкото распространето тестирање е клучно за малиот број смртни случаи во земјата, велат властите. Во Исланд има инфицирани околу 1.750 луѓе што не е мала бројка за тоа население, но само осуммина од нив починале.

Лекција 5: Бидете агресивни

Исланд на располагање имале ограничени ресурси но, имале доволно потребни знаења, одговорност и јасен план. Нивниот одговор на коронавирусот не е особено иновативен, но е прецизен и навремен. Како и во Тајван, нивната брзина ја решава ситуацијата и оапсноста како и добрата база на податоци при масовно тестирање што им овозможува тие да одат да ја пресретнат болеста а не да ја чекаат и санираат. Луѓето во Исланд сè уште може да се среќаваат во групи до 20 лица, личните социјални контакти не се строго оганичени туку се само лимитирани. Додека универзитетите се затворени, училиштата и градинките сè уште се отворени, дозволувајќи им на родителите да работат.

- Од почетокот, кога беше дијагностициран првиот случај, работевме според нашиот јасен план да бидеме агресивни во откривањето и дијагностицирањето на заразените, да не ги ставаме во строга изолација туку под лимити и добра контрола на епидемијата, и да бидеме многу агресивни во анализата на контактите. Ги искористивме полициските сили и здравствениот систем да контактираме со секој новооткриен случај навремено за да не дозволиме смртност - изјави за Си-Ен-Ен главниот епидемиолог на Исланд, Торолфур Гуднасон

Лекција 6: Вклучете го приватниот сектор

Како што спомнавме, Исланд има мал и ограничен здравствен систем поради тоа се сврте кон соработка со високо стручни компании од приватниот сектор. Во јавно-приватно партнерство помеѓу Националната универзитетска болница во Исланд и биотехнолошката компанија ДеКОДЕ Генетика, Исланд ги дизајнираше тестовите рано што му овозможи брза реакција, и очекуваат дека ќе тестираат 10 проценти од својата популација до 20 април што не успеало никому во Европа. Нивната цел е да се тестира што повеќе после што Исланд ќе има одлични резултати во борба против епидемијата но, и детална голема база на подотоци која ќе се користи во иднина и во држвата но, и за потреби ан друди во севтот.

Лекција 7: постапете превентивно

Министерот за здравство на Исланд, Свандис Свавардотир, ја истакна брзината како моќна алатка, велејќи дека пристапот е да се биде на чекор пред експлозијата на заразата, таа да се контролира а не да се бркаат последиците. Се чини дека државата успеа во тоа. Откако само 3 случаи на зараза увезени од луѓе кои допатувале од странство беа потврдени на 3 март, Исланд веднаш издаде карантински мерки за сите патници кои се враќаат од Италија и ги зголемија ограничувањата за патувања во наредните недели.

Вонредната состојба беше прогласена речиси евднаш, на 6 март, кога беа потврдени првите две инфекции. Ова испрати сигнал до институциите да ја подобрат својата подготвеност и одговорност, но без строги мерки и изолации бидејќи социјаланите лични конткти не беа забранети, социјалниот живот е активен речиси исто како порано, само со предупредување до ранливите лица да се држат настрана од преполните места.

Универзитетите се затворија на 13 март, а собирите на повеќе од 100 лица беа забранети на 16 март, кога имаа 61 заразени и немало ниту еден починат. Кога беше објавен првиот смртен случај на 24 март, земјата забрани собирање на повеќе од 20 лица и објави затворање на кафетериите, баровите, музеи и спортските сали.

Лекција 8: Користете технологија, но почитувајте ја приватноста

Како и Тајван, исландските власти исто така ставија на располагање телефонска апликација која помага да се мапира ширењето на вирусот. Така се создава дневник на податоци за тоа каде бил корисникот. Корисниците неммат обврска да бидат вклучени во овој систем и да ги споделат овие информации со властите, но многумина тоа го прават затоа што му помага на здравствениот систем да идентификува ризици за заболувањето и ширењето на епидемијата.

ЈУЖНА КОРЕЈА

Јужна Кореја го пријави својот прв случај на коронавирус во исто време со САД и Велика Британија. Денес Јужна Кореја со околу 25 милиони жители има околу 11.000 заболени и околу 230 починати. Велика Британија со околу 66 милиони жители има околу 105.000 заболени, и околу 14.000 починати.

Што е причина за толку големата разлика во последиците, особено во бројот на починати кој е последица на способноста на здравствениот систем во државата? Причините се брзината на реакција, расположливоста со информации, нивото и стручноста на здравствениот систем и способноста на државата да ја менаџира кризата.  

Лекција 9: Соберете информации, мобилно и со тестирање

Јужна Кореја постави стотици мобилни лаборатории за да им понуди на граѓаните можност да добијат бесплатно тестирање на корона вирусот. Оттогаш, моделот го мапираа САД во некои други земји но, со големо задоцнување кога чекорот со епидемијата е загубен.

На 16 март, СЗО ги повика државите да тестираат, да тестираат и да тестираат. Јужна Кореја го прави ова со недели, тестирајќи досега повеќе од 540.000 луѓе, двојно повеќе од Велика Британија гледано според број на жители и, што е уште поважно, тестирањето е започнто во многу порана фаза кога добиените податоци имаат ефект за создавање превентива, план за одбрана, а не откако епдиемијата ќе земе замаф.

Јужна Кореја исто така брзо спроведе мерки за карантин и скрининг за луѓето кои пристигнаа од Вухан, уште од 3 јануари само четири дена по првиот заразен во Кина, повеќе од две недели пред да се потврди првата инфекција во Северна Кореа. Беа пред епидемијата наместо да трчаат по неа. Властите за кусо време воведоа серија ограничувања и со стручни мерки детално ги контролираа влезот и излезот од државата.

Лекција 10: Научете од минатото

Јужна Кореа дејствуваше брзо, како како и Тајван, така и многу други азиски земји од регионот кои имаат исксутво од епидемијата на САРС од 2003 година. Иако не беа многу погодени од САРС како што беше Тајван, Корејците имаа само тројца заболени без смртни случаи. Ако имаа среќа со САРС, немаа со епидемијата на вирусот МЕРС во 2015 година, кога беа забележани 186 Северно Корејци и имаа 38 смртни случаи, што Северна Кореа ја прави најтешко погодената земја надвор од Блискиот исток.

Искуствата од двете спомнати епидемии Северна Кореа ги проучи и употреби во заштита од сегашната епидемија со корона вирус, изградија прецизен систем и протоколи за брзо делување како Тајван а резултатите од таа примена се видни и ефикасни. Многу други држави не обрнуваа внимание на минатото, не ги анализираа случувањата и не создаваа искуства кои би се примениле потоа, и сега со корона вирусот иако Канада имаше 250 заболени од САРС и 38 починати, а САД имаа 75 заболени од САРС.

ГЕРМАНИЈА

Германскиот случај е малку поинаков. Земјата, не успеа да задржи мал број заразени подобро од некои блиски држави во регионот. Во моментов Германија има повеќе од 135,000 потврдени инфекции, што е рејтинг на пето место според број на заразени во светот но, има исклучително мал број починати што говори за добро организиран здаравствен ситем и државен план за справување со крона вирусот. Ова особено ако се земе отвореноста на Германија и  близината на Италија, Шпанија или Велика Британија каде смртноста од епидемијата е радикално голема.

Во Германија денес, во време кога епидемијата го поминала врвот и полека се намалува има околу 4.000 починати, или 46 лица на милион жители. За разлика од Германија, Шпанија има 410 починати, Белгија, 420, Италија 370, Франција 275, Велика Британија 205, Холандија 195 починати на милион жители... САД, кои се во фаза на раст на епидемијата, веќе имаат над 120 починати на милион жители. 

Лекција 11: Тестирајте повеќе кога се намалуваат ограничувањата

Успехот на Германија да ја котролира епидемијата и максимално да ја намали смртноста беше исто така масивен тест врз голем број луѓе, Германија досега има направено над 1.800.000 тестирања и тоа на време, во самата почетна фаза на епидемијата што не беше случај во Италија, Велика Британија и Шпанија на пример кои тестираа доцна, како што доцнеа и со мерките за оганичувања и подготовка на здравствениот систем.

Но, Германците не тестираа само заради евиденција туку тестирањата беа алатка за нивниот исклучително добро финансиран и стабилен систем за здравствена заштита. Според Мартин Штумер, виролог кој раководи со ИМД во Франкфурт, една од големите лаборатории што ги спроведува и анализира тестовите. Германија исто така се реши за блиска соработка со стручниот приватен сектор за да се осигура дека се спроведени доволно тестови.

- Од почетокот, Германија не се држеше до една, две или три централни лаборатории за тестирање. Беа вклучени многу приватни компании, па можевме да направиме 100.000 тестови на ден - рече Штумер за Си-Ен-Ен. Како Тајван, Јужна Кореја и Исланд, Германија го дизајнираше тестот за коронавирус и подготви голем број комплети на време, многу денови пред државата да го објави првиот смртен случај од корона вирусот.

Воглавно, Германија слично на Тајван и Јужна Кореа делуваше на време, успеа да содаде амбиент на стручност и дисциплина и да обезбеди доверба од јавноста во институциите кои возвратија со ефикасност во борбата против епидемијта.

Но, Германија не завршува со тоа. Деновиве најавуваат мерки за олабавување на рестрикциите и забраните на социјалано живеење за да се овозможи постепено и навремено заживување на економијата во државата. Откако канцеларката Ангела Меркел објави дека земјата полека почнува да ја крева блокадата, планирани се уште повеќе тестирања за следње на ситуацијата во новите околности.

.Лекција 12: Инвестирање во јавно здравство и болници

Германија е рангирана на 18-то место во светот по пристап до квалитетна здравствена заштита, над Велика Британија која е на 23-то место и САД кои се рангирани како 29-ти. На пример, Италија иако е на деветтото место според рангирањето, а земјата спроведе и ригорозни тестирања, го бележи и вториот најголем број смртни случаи по глава на жител во светот, по Шпанија. Тие, епидемијата покажа, немаат доволно здравствени капацитети иако она што го имаат е стручно, но ни одблизу не е доволно за борба против епидемија.

Во оваа ситуација, се чини дека постои предност во огромниот капацитет на германскиот здравствен систем над другите. Според проекциите на Институтот за здравствени метрика и проценка, на Германија ќе и бидат потребни уште околу 12 000 болнички места во врвот на кој се случува сега, а Германија има 147.000 болнички места на располагање.

Од друга страна, САД имаат околу 94,000 болнички кревети, 15,000 помалку отколку што уште сега им треба. Германците имаат, пред епидемијата, 24.000 респиратори само во јавното здравство, во споредба со Велика Британија која на располагање има 9.000 респиратори. Во Германија не е можно да се видат слики кои ги гледаме во САД, Италија, Шпанија каде болните лежат во ходници, на подови и нема доволно респиратори и медицински персонал за нив. Всушност, германскиот здравствен систем има толку голем капацитет што сега лекува пациенти од корона вирус дојдени од Италија, Шпанија и Франција.

Корона вирусот е активен, приказната околу него се уште не е завршена и уште многу денови ќе поминат со нови заболени, починати и падови на економиите во државите каде има масовно заболување и строги забрани. Крајното салдо се уште не може да биде направено иако во оваа анализа се одбрани четири светли примери кои докажуваат како е можно да се спречи епидемијата и контролира во подносливи размери. Тие го направиле тоа, многу други - не, и ја плаќаат највисоката цена. Тука се анализирани примери на економски моќни држави. Притоа, останува фактот и тајната дека некои држави како Русија, Јапонија, Словачка и Кина имаат само 2 починати лица на милион жители, нивните општества го одбегнаа хаосот и депресијата, а економиите го задржаа потенцијалот.

Епидемијата е глобална, но некои држави успејаа да бидат брзи, стручни и посветени на борба против епидемијата. Други пак ја плаќаат цената на својот лажен сјај на богатство и моќ на државите кои паднаа како кула од карти за само неколку недели и оставија по десетина иљади или повеќе починати зад своите заблуди. 

(Vecer.mk)

Најчитани вести