Хрватската полиција вчера вечерта уапси 45 годишна жена која се сомничи за убиството на Јасмина Доминиќ, чие тело после 19 години  е пронајдено во замрзнувачот во семејната куќа во селото Паловец.

Според неофицијалните информации, станува забор за сестрата на Јасмина, С.Д. од Паловец, кој е родена 1974 година.

Мештаните од селото не сакаат да зборуваат за монструозниот настан. Од нив се дознава дека во времето на исчезнувањето, Јасмина живееела во куќата со постарата сестра, татко им работел во Словенија, а мајка им во Германија.

Јасмина беше многу добра девојка. отиде во училиште во Загреб и работеше едно време преку студент сервис и одеднаш исчезна. Ми се чини дека нејзиното исчезнување беше пријавено 3-4 години откако исчезна. Нејзниот татко кој почина пред неколку години, даваше се да дознае што и се случило. Нејзината сестра останала трудна како малолетна и родила вонбрачна ќерка која неодамна се омажи. Луѓето раскажуваат дека токму зетот го пронашол телото на Јасмина во замрзнувачот. Знам дека имаа два замрзувачи. Не знам во кој е пронајдена – рекол еден од соседите на Јасмина.

Освен внуката на Јасмина во семејната куќа живеат и нејзината сестра со сопругот и двете малолетни деца и мајка и на Јасмина.

Како што слушнавме исклучена им се струјата и почнало многу да смрди. Некој отишол да провери и во замрзнувачот пронашол тело замотано во целофан- рекол друг сосед.

1
loading...

Најчитани вести