И турско и каурско чучи дома прашувајки се како може во една земја која е мајка на пиперот и патлиџанот , на графчето, истото да го третира како жив луксуз. Иди на пазар и провери зошто. Маката не прашува ‘‘турчин ли си каур ли си‘‘. Маката е повеќе од заедничка. Таа е суштинска. Во Македонија само еднаш памтиме дека бевме сите сплотени околу заедничка болка, а тоа беше кога нашиот ангел Тоше почина.

Солзите не познаваа име, презиме и турчин ли си каур ли си. Плачеше се живо. Тоа што е интересно од овој временски агол на гледање е податокот кој вели дека ‘‘ не е дека не знаеме‘‘ да бидеме сплотени, ама нешто мора да не врзе! Мора ли тоа да биде болка?!  Заеднички чекориме боси по каменлив пат. Најголемиот број на небулозни антагонизми по кој се делеше и (сеуште латентно) се дели народот паѓа во вода под притисокот на вистината која вели дека има секогаш некоја сила над силите. Некој тоа го нарекува Бог, Аллах, некој го нарекува природа, некој Космос. Секој во што верува. Но, заедничкиот именител на сите нив кои во нешто веруваат е дека сепак има некоја сила која е вон нашата маленкост.

Дали оваа ситуација ќе ни удри убав шамар што ќе направи некаков пресврт во менталниот склоп? Не верувам. По некоја логика која многу недостасува во нашето поднебје, после сево ова треба да се потрудиме да елиминираме барем еден дел од она што не гуши. Национализмот, поделеноста по основ на средновековни теми, ментален јад произведен од мислата дека ‘‘ ако не си со мене и како мене, не си никаков‘‘.  Да игнорираме мајмуни кои не делат за да профитираат, да се сетиме дека сме сите од крв, месо и дека небитно е дали дома на зидот имаш закачено икона или слика од Мека и Медина.

Поглаварот на ИВЗ излезе со несреќна ( да не употребувам потешки зборови) изјава дека ќе ги врател верниците во џамиите. Браос! За чив инает?! Во чија штета а чија корист? Ало, дечко, биди поглавар не на ИВЗ, ако сакаш биди и Папа Павле изјавата ти е за психијатриска анализа. Анализата вели вака. Најголемиот број на верници кои седат по џамии, нивните дворишта, во прекрасните тревници на џамиите се постари луѓе, кои не читаат интернет, не следат он-лајн новости од светот, а згора на тоа му веруваат на оџата што ке каже сметајки го тоа како конечен збор од бога. Младите на страна. Тие колку – толку се информирани. Изборот е нивен. Е, сега прашањето од милион долари е следно. А бе ( без епитети, еве) дали твојата изјава подразбира дека за покажување на моќта на твојот збор свесно ќе ги фрлиш во оган сите тие старци со бројчаникот во раце ( теспих) и утре задутре најлицемерно кога ке се испозаразат ти ќе отпееш една молитва ( дова) закључувајки дека ‘‘ од Бога било‘‘ ( Пуна е Зотит)!? 

Како носител на титулата поглавар, свесен ли си дека ти си токму тој што треба да го едуцира народот дека во ова општо зло, треба да се работи на општо добро!?! Една од божјите заповеди кои се универзални вели ‘‘ не суди‘‘. Јас ќе ја испочитувам таа заповед и нема ниту погрдно да те наречам, ниту да судам дали си во право. Нека суди токму тој кого не го вадиш од уста цело време. ‘‘ Estahfurullah‘‘! Будало!

Кому не е потребно ‘‘општо добро‘‘?! Оџи и попови,... ‘‘мрш три чекора назад‘‘! Чест на поединци!

Христијанските храмови не се ништо помалку опасни за посета во ова време. Практикувањето на христијанскиот модел на молитва и процедури има своја специфика. Дотолку повеќе ако земеме во предвид дека се допираат икони, се бацуваат раце, се љуби крст ( апсолутен респект, илустрација). Колку и да си ортодоксен верник ( сеедно која вера), во дваесет и првиот век и во време на мас информираност, не ли е срамота да се воздржуваме од некои работи кои се битни, ама не суштествени. Суштината е да веруваш во Бога / Аллах, ама истовремено да знаеш дека тој истиот Бог/Аллах рекол ‘‘ чувај се сам, за да можам и јас да те чувам‘‘. А како!? Многу едноставно. На времето црквените храмови не биле само храмови на молитва и душавозвишување, туку истовремено и едукативни центри.  Реално, токму тие храмови се носители на цивилизациската писменост. Во едукативна смисла. Па, побогу попови, кажете му на овој народ – да седи дома и да ‘‘не тртомуди до даљњег‘‘,... а,.... Бога / Аллаха да го носи во душата. Суштината е таа! Се останато е – само форма! .... Секако и пари.

Дали после сево ова ќе понесеме мисла дека ‘‘под обавезно‘‘ мора да направиме десет чекори назад во својата агресивна, антагонистичка мизерија по многу основи. Повторувам, заеднички чекориме боси по каменлив пат. Секое камче има своја болка. А таа болка треба да не потсети дека сме сите божји деца на кои Бог/Аллах не им дал политика, омраза, пари, криминал, блуд, неморал, ... туку им дал памет а тие треба да да го најдат правиот пат!

А кој да не посочи на тој пат?!  Па, ваљда поповите и оџите!  ( ЧЕСТ НА ИСКЉУЧОЦИ КОИ ГИ ПОЗНАВАМ, ПОВТОРУВАМ) На сето тоа има само еден збор,... а од Бога,  не од клириците,.. барам прошка за тоа што ке го искоментирам со еден збор...

‘‘ЈЕБО ТЕ‘‘!......

Агим Јонуз

Најчитани вести