Македонска теоретичарка, професорка, феминистка и левичарка Катерина Колозова дипломирала класични студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Филозофски факултет, Институт за филозофија, а магистрирала филозофски науки на истиот универзитет. Во 1998 година станува Доктор по филозофски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Филозофски факултет, Институт за филозофија.

Таа работи и како Извршен директор на Институтот за општествени и хуманитички науки – Скопје.

Колозова е автор на многу книги и статии и истакнат член во политичката партија „Левица“.

Таа на својот Facebook профил го промени својот нов работен статус. Имено, професорката се пофали дека ќе предава на Универзитетот Колумбија во Париз, Политички науки и политички студии: нелиберална демократија и популизам во Европа.

 

1

Најчитани вести