Починал полицаец кој бил дијагностициран пред десет дена со коронавирус дознава Алсат од неофицијални извори. Според информациите починатиот бил од редовите на граничната полиција и до пред две недели служел во полициската станица Белановце.

Од Министерството за Внатрешни работи потврдија за Алсат дека припадник на полицијата починал. Велат дека во врска со причините за смртта ќе известат навремено од Министерството за здравство.

Инаку на ниво на Држава со Ковид19 моментално се заразени 12 полицајци кои беа во првите редови во борбата со пандемијата.

Најчитани вести