Кризниот штаб во Тетово бара владата да воведе превентивни мерки од Ковид-19 слични на рестрикциите што се во сила во Куманово. Барањето го темелат на фактот што последниве денови се бележи пораст на бројот на заболени во градот.

Како што се наведува во барањето:

Кризниот штаб при Општина Тетово бара од Владата на РСМ да ги разгледа и усвои следните мерки и ограничувања за територијата на Општина Тетово, и тоа:

1. Заострување на мерките за движење на граѓаните, поконкретно, полицискиот час да започне од 16:00 до 05:00 часот во текот на работните денови а за викендите да се воведе целосна забрана за движење по примерот на Општина Куманово.

Извор: АлсатМ

Најчитани вести