Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, денеска го добија синот Филип.

Радосната вест Милошоски ја сподели на ФБ

- Драги пријатели,
во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!

Вечер.мк го контактираше пратеникот и тој ни ја потврди веста дека по желба на неговата сопруга Симона Милошоска бебето ќе се вика Филип. 

Нивните ќерки Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12), овој пат добија братче.

Со раѓањето на петтото дете, Антонио Милошоски е првиот македонски политичар кој има многудетно семејство, во вистинска смисла на зборот. Досега заеднички го делеа рекордот со Влатко Ѓорчев, кој со сопругата Сузана, има 4 деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.

 

Најчитани вести