Подгответе шише и потребните состојки, а постапката е следна:

  • 2 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 3 лажици масло
  • 600 мл млеко

Рецептот е стандарден со тоа што шишето треба да ви е од литар и пол. Ставете ги сите состојки во шишето, потоа добро затворете го и протресете го. Така ќе добиете компактна смеса без грутчиња. 

Совет: Ако не ја потрошите целата смеса, може да го затворите шишето и да го чувате во фрижидер.

Правењето палачинки во овие денови на изолација нека биде забава за целото семејство.

 

Најчитани вести