Две лица се приведени синоќа во 21:30 часот во Полициската станица Чаир, откако со лажни полициски флешери се обиделе да избегаат од полициска контрола.

Вечер.мк дознава дека се работи за лиицата Хаљиљ Љ. на возраст од 34 години од Бутел и Муамет Љ. на возраст од 45 години од Чаир.

Приведените бегале од полицијата од улицата Кемал Сејфула се до кружниот тек во Бутел каде и биле сопрени, откако претходно пуштајќи флешери не застанале на полициската контрола за проверка.

Откако беше воведен полицискиот час во земјава зачестија возила со лажни флешери кои на тој начин се обидуваат да се спасат од полициските патроли за време на забраната за движење. 

 

Најчитани вести