Едно лице од Скопје го прекршило полицискиот час на тетовскиот регион во периодот од 21:00 часот вчера до 5:00 утринава, информира денеска Секторот за внатрешни работи Тетово.

- Станува збор за лице со место на живеење во Скопје на 25 години затекнато околу 22:30 часот како се движи со возило на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка кај Шипковичка кривина. Тој е приведен во СВР Тетово и против него ќе биде поднесена пријава според членот 206 од Кривичниот законик непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Вкупниот број на лица кои не го почитувале полицискиот час изнесува 85 луѓе. Во моментов на тетовско подрачје има 37 луѓе со потпишани изјави за самоизолација и 120 лица со решенија за изолација, издадени од Државниот санитарен инспекторат.

Најчитани вести