На 02.04.2020 околу 23:00 часот, во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(33), од тетовски Пирок, кој управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“, со германски регистарски ознаки, во кое подоцна се откриени остатоци од бела прашкаста материја, најпрво не застанал на полициски знак во гостиварска Топлица и Врапчиште и продолжил да бега.

Во еден момент, враќајќи се наназад, со возилото удрил во полициски службеник. Бегајќи потоа по автопатот Гостивар-Тетово, ја оштетил наплатната рампа, се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две службени возила на МВР.

Во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили. М.А. е задржан во Полициската станица Тетово.

Најчитани вести