Нема помош од владата, оносно буџетот, за работниците и фирмите кои се погодени и не можат да работат заради наредбата на владата за перстанок на дејноста и заради вонредните мерки. Владата че додели само позајмица која треба да се врати што, практично, може да го направи секоја банка наместо владата.

Ова се правилата како да се добијат 14.500 денари - на заем од владата:

Доколку работник бил ангажиран за полно работно време, ќе му биде исплатен целиот предвиден износ согласно оваа мерка односно – 14.500 денари, а доколку бил ангажиран со скратено работно време, ќе му биде исплатен сразмерен износ.

Работодавачот-барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците до Управата за јавни приходи, која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците за Барањето за финансиска поддршка.

Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот, за претходниот месец. Комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.

Износот на финансиска поддршка согласно оваа Уредба, ќе се исплатува до 13-ти во месецот, за претходниот месец.

Уредбата утврдува дека работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата за јавни давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи или од страна на Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите за стекнување право за користење на оваа мерка. 

 За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа Уредба и четири месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец септември 2020 година), работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник.

Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи ги вклучува вработените на неопределено време, вработените на определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време.

Согласно оваа Уредба работодавачите кои ќе го искористат правото на финансиска поддршка за исплата на плати, имаат обврска примените финансиски средства ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.

Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат за изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени.

Тоа значи, дека работодавачите можат да се одлучат да изберат финансиска поддршка за покривање на половина од придонесите за своите вработени, наместо 14.500 месечно нето плата по вработен за месеците април и мај

Најчитани вести