Политиката во ‘‘ време на невреме‘‘ е голем тест на зрелоста на една држава. Да се изменаџира хаос каков што преживуваме секако бара тимска работа, но, таа тимска работа треба да стави во сенка различности од секаков вид вклучувајки и партиска припадност. Не смееме да помислиме дека оваа криза нема да мине, таман работа, ама не смееме ниту да помислиме дека после сево ова некој ке треба да понесе ‘‘пехар‘‘ за минат труд во време на ‘‘невреме‘‘.  Имено, ако земеме во предвид дека ‘‘Коронава‘‘ баш ја заболе дали си позиција или опозиција, дали си ‘‘Комита Запад , Шверцер од Чаир, или Комуњара‘‘, недвосмислено треба да се поработи на поличката игра ‘‘зад завеси‘‘ која за време на оваа криза стави под сенка се, освен власта под светлото на сонцето.

Целта не е да се фрлаат дрвја и камења по власта затоа што реално, таа го прави надоброто што може во услови какви што се. Поентата е поинаква. Ако земеме во предвид дека се што актуелната власт ( СЛУЧАЈНО Е ТОА СДСМ) презема да се излезе од кризата, таа неминовно во сите можни медиуми е присатна цело време. Сакале или не, латентната кампања во време на забранета кампања цело време виси во воздух. Секако таа не се води транспарентно, ама ако се следи ситуацијата, препукувањата на линија позиција-опозиција не престануваат и тоа на ниво кое цело време некој го третира како ‘‘ ма дај не мрчи многу, гледаш дека не знаеме глава кај ни е‘‘. Ок! Ќе се согласиме дека ова се вонредни услови. Ќе се согласиме и со податокот дека кој и да е, не може да игра поинаку во ситуацијава која има конкретен протокол за справување. Арно ама!

Ајде да размислуваме хипотетички. Завршува кризата. Животот се враќа у нормала. Се резимира штетата и новонастанатите проблеми, генерално во делот на социјалата и економијата. Последиците големи и тешки по животот. Се враќа филмот ‘‘ ај на избори‘‘. Ок! Да имаме предвид дека не може да мине без каква-таква кампања. Е, сега прашањето е следно.  Кој е во хипотетичка предност за да во таа кампања креира амбиент дека ке донесе се на свое место и дури  ке ја ‘‘расцвета‘‘ Македонија? Дали актуелната власт по завршувањето на филмот со Короната сево ова ќе го искористи за да промовира ‘‘мега успех‘‘, а со самото тоа и на избори да излезе ‘‘со шампионскиот пехар‘‘ во раце како Лео Меси, додека опозицијата освен што ќе ги брои грешките, пропустите и ќе критикува личејки на овцата у ‘‘Пинк Пантер‘‘ која му плаче на Пинк зашто ја ошишал газдата.  Дали ‘‘сега се крстат изборите‘‘? Да! НАТО. ЕУ преговори. Победена Корона. Арно ама, ајде малку да се задлабочиме во суштината.

Конгломератот на учесници во решавањето на кризата и справувањето со секојдневните предизвици во актуелниот момент содржи учесници од сите политички партии и на сите нивоа. Ова е сеопшта борба која на крај ке треба некого да награди. Но дали на крај успехот и камбаните што ке бијат ќе бидат некому мајка а некому маќеа, носејки слава само на една политика партија. Како ќе биде поделен колачот на славата после се, а во пресрет на следните избори. Има ли решение да се прескокне ‘‘праење Хиље‘‘? Има! Како? Еве како.

Да бидеме искрени, уште на почетокот на припремите за кампања кога немаше Корона, во кулоарите се шушкаше синтагмата ‘‘ џабе се палите, зошто  на крај ке има широка коалиција у сите комбинации‘‘. Во меѓувреме, невољата што не снајде бездруго создаде техничка влада која на некој начин е токму тоа. Ако земеме во предвид дека последиците од кризата уште сега најавуваат допрва тешки денови за Македонија, единственото решение е да се подели успехот, но истовремено да се подели и одговорноста за понатамошно ‘‘домашно лекување‘‘. Тоа треба да подразбира барем две до три години функционирање на државата во која власта ке подразбира учество на ‘‘здружени сили’’. Тоа е единствен начин да се неутрализира тензијата меѓу двете најголеми политички партии од една страна, а од друга понесување на заедничка одговорност за иднината на државата на сите нивоа. Мобилноста за одржување на државата ‘‘ во живот‘‘ не смее да ја носи само една партија од повеќе причини, поготово што тоа со своите капацитетни перформанси е неизводливо. Балансот на политичка пропорција не смее радикално да се смени.

Дека после сево ова ќе има избори, тоа секако. Арно ама, единствениот начин државата да се спаси од непотребна внарешна тензија е реално инсталирање на широка коалиција со учество на сите големи партии во неа.  Изборите секакао се потребни од поинакви причини. Како прво, како и да изгледа таа широка коалиција, ќе мора да се знае кој ќе бие ‘‘ ороводецот‘‘. Како второ, ќе  мора да има ‘‘пребројување на силите‘‘ од аспект на силата на теренот. Како трето, економската криза ќе бара експертски профили од многу полиња на кои ирелевантно ќе биде кој на која политичка партија и припаѓа.

Како никогаш до сега на Македонија и треба сплотување, политичка интегративност во решавањето на проблемите и мир! А, мирот можеме само САМИ да го создадеме. Како? Едноставно, сега е време да се покаже сета љубов и одговорност за Македонија, со Македонија ( како капацитет) и во Македонија. Алтернатива  едноставно – нема. На испит е целата јавност, целата ‘‘жива метерија‘‘, целата филозофија на ‘‘ јас и мислам добро, и си ја сакам Македонија‘‘!

Политичкото оро ќе добие на по брз ритам после кризата, ама, не е доволно само да речеме ‘‘ Господ на помош‘‘, туку треба пред се самите себе си да си помогнеме, за да може и Господ да помогне.

Најчитани вести