Во време на епидемијата со корона вирус гледаме и процес кој неможете да го видите во другите европски држави, а тоа е отворен напад од страна на министерот за здравство Венко Филипче врз најпрестижната приватна клиничка болница во земјава, Аџибадем Систина. Причините за тоа се уште не се до крај познати, но последиците се отварање дилеми и забунетост во јавноста во време кога тоа најмалку е потребно или очекувано.

Се работи за оспорувањето на Аџибадем Систина дека нивното тестирање на корона вирус ЦОВИД-19 е нецелосно, или нестручно, и министерството не го прифаќа. Ова зачудува затоа што истиот модел на тестирање COVID – 19 IgG/IgM Rapid Test е прифатен за валиден во десетици европски држави со строги медицински критериуми како Холандија, Норвешка, Италија или Велика Британија, како и во регионот во Турција, Бугарија и Србија.

Ако е валиден и добар за сите нив, зошто не е валиден за Македонија? Никој, па ни Венко Филипче досега не даде одговор на ова прашање. Тој вели дека тестот во Систина не може да се прифати како финален и точен, и мора да се прави друг тест. Дали, според Филипче, значи дека во сите европски држави каде се применува ова тестирање, имаат лажни податоци а само во Македонија добри?

Ако тестовите во Систина не се апсолутно точни, кои се точни? Самиот министер Венко Филипче три пати изјави дека ни тестирањата во државната клиника не се апсолутно точни. Освен ова, пред десетина дена, оспори и тестирања во Филип Втори, односно клиниката на доктор Жан Митерев, кога се покажа дека таму имало повеќе позитивни на вирусот отоколку што Филипче објави дека има ново заболени во земјава. Значи, ниту едно тестирање не е апсолутно точно, а станува точно кога и треба на политиката.

Дека меѓу министерот Венко Филипче и Аџибадем Систина има некој личен, субјективен спор, се виде уште пред неколку дена кога на прес конференциите Филипче набројува дека се тестирало на државната клиника, како и кај Жан Митрев и во Биотек иако претходно го оспори авторитетот на тестовите кај Жан Митрев, игнорирајќи да спомне тестирање во Аџибадем Ситина која, за наброените две приватни лаборатории, сепак е институција со даелку посериозно реноме и тука и регионално, без да се сомневаме во угледот и стручноста на клиниката на Жан Митрев и лабораторијата на Биотек.

Дека во овој субјективен напад од страна на министерот Филипче врз Аџибадем Систина има политика посочува и моделот по кој тоа се случува. Како што секогаш бива, партиските напади на СДСМ врз некого почнуваат од нивните невладини оргнизации и портали, медиуми, а потоа следува егзекуција од партијата и власта. Така се случува и со Аџибадем Систина.

Порталот irl.mk за кој е јавно познатио дека е од кампот на невладини и медиуми на СДСМ, како поддршка за Филипче ја нападна Аџибадем Систина со квалификации без издржан стручен извор, а министерот веќе наредните два дена само ја продолжи таа акција и прогон откако партиските портали му спремија терен. Видено многу пати досега.

Дека тука има партиски прогон со добро познат план и шема, тоа се гледа. Дали има и некои други интереси?  Не би сакале да се поврзуваме со сомнителните набавки на респратори од Бразил кои пропаднаа, на неизградената клиничка болница во Штип или следната набавка на ерспиратори кои, иако најавени, исто така ги нема, или на прашањето зошто државата плаќа 5.000 денари за тестер, а Жан Митерв само 1.500 кој, според последното мислење на Филипче е валиден тест. Во Систина, со овој европски тест, цената на тестирање е уште помала, 1.200 денари.

Јавноста е збунета, но и разочарана и загрижена. Кога минитер за здравство на една држава ќе оспори стручност на врвната клиничка институција во државата, јавноста тоа го забележува и реагира. Илјадници луѓе од Македонија и соседството имаат или планираат здравствена услуга од Аџибадем Систина и, досега, според нивното искуство тие се задоволни. Сега, со овие оспорувања министерот Филипче нанесува сериозна штета по угледот, а потоа и финансиите на Аџибадем Систина, и прашање е како меѓународниот менаџмент на Аџибадем ќе реагира после ова. А, најважно од се, е дали со оваа политика им се помага или одмага на пациентите, и на јавноста воопшто која живее сред епидемија.

Она што министерот Филипче, или партијата СДСМ, имаат против Аџибадем Систина треба да си го решат меѓу себе, далеку од јавноста на која не и требаат политички и партиски хајки против врвна клиника среде епидемија, и против болница во која граѓаните имаат доверба и очекуваат и во иднина да им се грижи за здравјето или да им го спаси животот.

Најчитани вести