Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.03.2020 на пат во нас.„Езерски лозја“, Струга пријавениот, поради нерасчистен паричен долг, физички го нападнал оштетениот Е.Р.(32) од Струга, а потоа со возило удрил во него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Најчитани вести