САД стана земја со најголем број заболени од коронавирус во Светот, со повеќе од 145.000 потврдени случаи, со што бројот на загинати се искачи на 2.600.

Една застрашувачка снимка од болницата во Бруклин покажува колку е сериозна ситуацијата во Њујорк кој стана најголемо жариште на коронавирусот во Светот.

На снимката се гледа како со виљушкар се пренесуваат телата на починатите, а потоа ги става во камион соо ладилник кој треба да ги пренесе понатаму.

Во текот на снимањето, се слуша човекот, автор на видеото како вели „ова е реално“, „сфатете го ова сериозно, останете дома“, додека телата се носат по улицата.

„Точно тука во Бруклин, пред болницата, ова е реално“, рече тој.

Градската болница во Њуујорк поставија мртовечница пред објектите за да се справи со големиот број жртви на пандемијата што силно ја погоди метрополата.

 

Извор: Курир.рс

Најчитани вести