Skip to main content
x

28 Mar 2020 - 21:15
sportmedia
Статија

Интересна приказна доаѓа од шведскиот град Малме, кој покрај другото, е познат и по тоа што таму е роден еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ.

Со оглед дека во Шведска има многу иселеници и од нашата земја, Албанец од Струга Ади Хоџа растел заедно со Златан. Тој во интервју за „Лајм“ на новинарот Решат Ибрахими, раскажува какво детство имал со Ибрахимовиќ и каков бил Ибра како дете.

„Како мал Златан беше лошо дете. Секогаш мораше да гледа кој што работи. Го познавам од шест години. Живееше тука во оваа зграда, а ние во зградата во близина. Неговата мајка живееше тука, и беа многу сиромашни. Доаѓаше кај нас и јадеше леб, мајка ми на повеќе пати го хранеше. Сега ретко разговараме. Последен пат разговаравме пред четири години. Бев во Париз и гледав натпревар на ПСЖ и тоа беше последен пат“, рече Хоџа во интервјуто за Лајм.

Хоџа исто така бил соиграч со Ибра во првите фудбалски чекори, а Златан потоа замина во Ајакс, од каде направи одлична кариера. Во моментов го носи дресот на Милан.

sportmedia.mk

Најчитани вести