Потребни состојки:

  • 15 г квасец
  • 150 мл вода
  • 30 г шеќер
  • 5 г сол
  • 250 г брашно
  • 180 г путер

Начин на приготвување: Замесете тесто од квасецот, водата, шеќерот, солта, брашното и путерот. На набрашнета површина замесете го тестото. Формирајте го во квадрат и замотајте во фолија. Оставете во фрижидер 15 минути. На хартија за печење ставете 130 г путер. Формирајте го во квадрат со величина 15 на 15 сентиметри и замотајте во хартија за печење па расукајте. Оставете го 10 минути во фрижидер за да се стегне. Извадете го тестото. Расукајте го по ширина. Направете калап за сечење кроасани. Расукајте го тестото по должина. Тестото развлечете го до дебелина од 4мм. Со помош на калапот исечете триаголници. Расукајте го тестото и мотајте со најширокиот крај кон најкраткиот. Премачкајте ги со белка од јајце. Оставете ги 60 минути во затворена рерна на температура од 24 до 28 степени или 2 часа на собна температура. Повторно премачкајте ги со белка од јајце. Печете ги 15 минути во загрејана рерна на 180 степени. Додека се топли, ставете чоколадни трошки одозгора.

Најчитани вести