Тешките времиња допрво доаѓаат се вели, а ние сега од една убавина треба да паднеме од коњ на магаре божем.  Ако се водиме од онаа еврејскана поговорка ‘‘ дабогда имао па немао‘‘, кај нас тоа може да биде само предмет на зафрканција преформулирано во ‘‘ дабогда то што немао, па црко‘ ‘‘! Народ кој ионака жонглира за леб, кој одамна живее во филмот ‘‘снаџи се па живи‘‘, се соочува со еден проблем кој богами може да има страшни последици. Какви?

Откако ѓаволот ја однесе шегата со вирусов, со сите мерки кои легитимно во вакви случаи се преземаат, останува една голема коска во грлото на просечниот граѓанин.  Во земја во која релевантните центри на моќ и контрола на власта велат дека потрошувачката кошница за четричлено семејство се тера со 300-400 Евра месечно, единствениот и неизбежен модел на преживување е ‘‘ снаоѓањето‘‘. Како, тоа е друга приказна, ама секако ке се лажеме самите себе си ако не признаеме дека народов вади од еден у друг џеб, прави триста финти, без да земеме во предвид дека 90% е ‘‘ до гуша у говна‘‘ со долгови на сите страни.  Егзистенција по принципот на една стара народна досетка ‘‘ сечи уши, крпи дупе‘‘.

Никој не ја фали сивата економија, напротив, таа треба да е казнива, ама ако гледаме реално, најголем сообраќај на пари вон регуларната заработувачка во народот се пари кои се вон регуларниот сообраќај на пари, што би се рекло народски ‘‘ шуш-буш‘‘ и на рака. Е, ок, ама ако земеме во предвид дека со ограничувањето на слободата на движење и сите останати рестрикции во секојдневјето тој сообраќај на пари има ‘‘дупка на патот‘‘, тогаш мора истовремено да признаеме дека влегуваме во најмала рака речено во тотален социјален хаос.  Реално, државата се што презема е врзано за легитимниот,  поточно речено легалниот број на вработени по институции и приватниот сектор. Ок! Да прашаме која е бројката на невработени на кои им е сеедно дали ке зимаат оволку или онолку проценти помала плата! Ама – ќе ја зимаат, па ке си прават сами рестрикции во трошењето. Моделот на ‘‘ снаоѓање‘‘ е сериозно доведен во прашање. Колку долго може народот да издржи? Затекнати и ставени ‘‘ на зид‘‘ масата народ која егзистенционално жонглира во ниедна комбинација не може да издржи повеќе од две – три недели. Што потоа!?

Дали е на повидок иницирање на посилен бран на криминал, а искључиво мотивиран од гладен стомак и очај? Што и како сицијалната држава ќе преземе за сите оние кои на пазар продаваат врз картонска кутија за да однесат леб дома? Питачите на раскрсници. Социјалните случаи. Немоќните. Самохраните родители. Болните. Има ли одговор каде и кому да се обрати некој што нема можност да се прехрани. Да купи лек. Каде и кому да се обрати некој што не знае да се ‘‘снаоѓа‘‘. Сево ова дополнително затежнато со податокот дека крахот во економијата допрва следи и последиците ќе бидат ‘‘господ напомош‘‘!

Социјалната политика на државата е допрва пред тежок испит пролетоска. За лето ‘‘здравје боже‘‘! Како ќе го амортизира социјалната политика на државата гладот, очајот, крахот и ‘‘докопувањето‘‘ на обичниот граѓанин. Дали не е небулозно да кажеме дека многу лесно може да се случи ‘‘ улица‘‘? А и да се случи, какво фајде ќе има од тоа при реалноста дека ионака државата со своите институции нема капацитет. Дали некој размислува што ќе јаде после месец дена едно четричлено семејство во кое само еден работи и зима просечна плата, а при тоа син му не може да работи на некој шанк за џепарлак, ќерка му не може да ‘‘конобарише‘‘, а жена му не може да продава по пријателки ‘‘Орифлејм‘‘ ( фигуративно). А да не зборуваме за некој што веќе подолг период живеат во филмот ‘‘ купи ден – продај‘‘ или ‘‘што даде господ денеска‘‘.

По оваа криза за која никој не знае колку долго ќе потрае, ќе продолжи и предизборието, изборите, а сето тоа во ситуација каква што ја опишуваме. Кој што ќе може да вети и исполни. Европа? Ок! НАТО? Ок! Се тоа е во ред и е за општ прогрес на државата во една иднина која е на политичко ниво. Арно ама. Сега и тука факторот што е задолжен за ‘‘бригу о стомаку народа‘‘ мора да размислува за пакет социјални мерки кои ке се бават со амортизација на феноменот ‘‘ ќе цркне народот‘‘ ако не се спремиме за она што не очекува на ниво на секојдневие, а не на ‘‘ идеме у Европа‘‘ . А бе ЕВРОПА Е ИСТО У ГОВНА ДО ГУША. Среќни сме што на вести некоја бирократска фаца ни се смешка и ветува ‘‘ од вас ќе биде Европјани‘‘. Е, баш ти фала!

АЛООО БЕЕЕ! А ЛЕБ?.....

Најчитани вести