Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 22:05
sportmedia
Статија
 

И дефинитивно, барем шпанските медиуми, се знае кои седум играчи ќе си одат од Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок. Како што се напоменува, Зинедин Зидан го предал списокот а газда Флорентино Перез се сложил.

На него се Лука Јовиќ, Лука Модриќ, Герет Бејл, Хамес Родригез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола и Марсело. „Кралевите“ многу добро знаат дека во следниот период, кога ќе заврши целата оваа ситуација со „Ковид-19“, ќе биде многу тешко да се обезбедат приходи за така голем или преголем буџет за плати, па затоа некаде мора да се крати.

А и сите овие горе напоменати играчи и онака оваа сезона немаа голема минутажа во првиот тим. 

sportmedia.mk

Најчитани вести