Жена од Пенсилванија во маркет намерно кашлала врз храна во вредност од 35.000 долари поради што веројатно ќе се соочи со кривична пријава, јави Си-ен-ен.

Жената, чиј идентитет властите не го откриваат, влегла во мала продавница во градот Хановер Тауншип и почна да кашла врз пекарски производи, месо и други производи, напиша на „Фејсбук“, Џо Фасула, ко-сопственик на овој синџир на маркети.

Вработените во продавницата веднаш ја исфрлиле жената и ја повикале полицијата која неколку часа подоцна ја пронашла престапничката и ја одвела во притвор.

Полицијата соопшти дека жената намерно сакала да ја зарази храната и дека има намера да поднесе кривична пријава против неа откако ќе се изврши психијатриска проценка.

Властите не знаат дали станува збор за заразена со коронавирус, но Фасула на „Фејсбук“ дека компанијата ќе стори сé што е во нивна моќ за да го откријат.

И покрај тоа што се смета дека станува збор само за болна шега, Фасула рече дека од продавницата исфрлиле производи во вредност од 35.000 долари и го дезинфицирале просторот.

„Криво ми е за изгубената храна. Секогаш е срамно кога залудно се фрла храна, особено овие времиња, кога многу луѓе се загрижени дека нема да дојдат до потребните производи поради масовната потрошувачка“, напиша Фасула на социјалните мрежи.

 

 

извор: Makfax

Најчитани вести