Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 21:05
sportmedia
Статија
 

Диего Годин очигледно дека многу малку ќе се задржи на „Џузепе Меаца“. Она што го пренесуваат англиските медиуми е дека тој е вишок во таборот на Интер, откако младиот Бастони се покажа како одлично стоперско решение, а згора на тоа и чини многу помалку. Годин заработува цели пет милиони евра годишно, што се доста пари но не и проблем за богатите премиерлигашки клубови.

Два клуба покажуваат сега засега интерес за него, а тоа се Манчестер Јунајтед односно Тотенхем.  Јунајтед го испрати уште летоска Крис Смолинг во Рома на позајмица, и нема намера да го враќа, а и сака да направи реконструкција во последниот ред. Годин би бил одлично решение затоа што има доста искуство, а е во најдобрите фудбалски години

sportmedia.mk

Најчитани вести