Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 20:45
sportmedia
Статија
 

Тренерот кој ја предводеше француската фудбалска репрезентација до првата европска титула Мишел Идалго почина денеска во Марсеј, четири дена после неговиот 87. роденден. Фамилијата соопшти дека тој починал од природна смрт. Идалго осум години беше на чело на „триколорите“, а претходно работеше како асистент.

Имаше и забележителна фудбалска кариера во дресот на Ремс и Монако, а потоа продолжи да се развива како тренер. Со тренерската кариера почна во Монако, потоа прејде во националниот тим на Франција. Кариерата ја заврши како спортски директор во Марсеј.

Идалго ја предводеше Франција со полуфиналето на СП 1982 година, а во 1984 година на ЕП кое Франција го организираше ги однесе „триколорите“ до трофејот по победата над Шпанија во финалето. Таа година беше прогласен за најдобар европски тренер.

Генерацијата која на Франција и ја донесе првата евро-титула ја сочинуваа Мишел Платини, Бруно Белоне, Жан Тигана, Лук Фернандез, Бернар Лакомб, Ивон Ле Ру…

Тој е дел од фудбалската историја на францускиот фудбал. Создаде нова генерација на фудбалери во седумдесетите. Тој создаде моќен тим во осумдесеттите во кои Франција имаше одлични резултати на големите натпреварувања. На таа група на фудбалери им веруваше. Никогаш нема да го заборавам финалето на ЕП 1984 година. По победата над Шпанија, тој ги крена рацете кон небото и плачеше… многу плачеше. Беше многу емоционална личност“, изјави Платини.

 

 

sportmedia.mk

Најчитани вести