Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 20:45
sportmedia
Статија
 

Во време на коронавирус секој се обидува на различен начин да го мине денот. Познатата пејачка Бритни Спирс целосно се посвети на одржување на формата и тука нема ништо погрешно.

Но, да тврдиш дека си го урнал рекордот на Јусеин Болт е тоа веќе е смешно. Спирс на својот „Инстаграм“ профил објави дека истрчала 100 метри за 5,97 секунди. За постетување рекордот на Болт е 9,58 секунди и истиот го постави во 2009 година.

„Обично ги трчам за 6 или 7, ова беа моите први пет. Првиот обид заврши со девет секунди“, пиша Бритни.

Оваа нејзина објава предизвика бројни коментари, секако сите беа дека тоа е невозможно. Сигурно Бритни направила некоја грешка која наскоро ќе ја поправи.

sportmedia.mk

Најчитани вести