Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 19:35
sportmedia
Статија
 

Сезоната во Мото ГП шампионатот нема да започне ниту на почетокот на мај, соопштија официјални преставници на натпреварувањето.

Петтата трка од календарот за 2020, трката за ГН на Шпанија на патеката Херез, која беше закажана за 1-3 мај, е одложена на неодредено време заради глобалната пандемија на коронавирусот.

„Поради постојано менување на светот поради болеста, сега е невозможно да се утврди дали ќе може да се одржи трката за ГН на Шпанија“, се вели во известувањето од Мото ГП.

Претходно, одложени беа и трките во Тајланд, САД и Аргентина, како и трката во Катар која беше комплетно откажана. Се очекува да се одложат и трките за ГН на Италија и на Франција.

sportmedia.mk

Најчитани вести