Чибишев укажа дека социјалните мрежи се моќна алатка за да се пренесат информации, но и дезинформации и да ги искомплицираат работите.

Доктор Андон Чибишев на денешниот LiveChat на ВМРО-ДПМНЕ говореше за актуелната ситуација со корона вирусот. Укажа и дека социјалните мрежи се моќна алатка за да се пренесат информации, но и дезинформации и да ги искомплицираат работите. Тој укажа дека и светски лидери излегоа и рекоа дека комбинација на два препарати, прво, хлорокин кој се користи за маларија и вториот препарат, азитромицин моќен антибиотик кој се користи за лекување на бактериски инфекции на респираторниот тракт се еден вид лек. Тоа, додаде Чибишев, граѓаните погрешно го сфатија мислејќи дека ако заболат добро е да си ги имаат двата лека и да почнат да си ги пијат, а според некои информации се оди дотаму што некои ги пиеле превентивно.

- Хлоракинот се зема само под контрола на доктор, во спротивно може да предизвика оштетувања на срцето, бубрезите и нервниот систем и на делови на окото. Таквите оштетувања се неповратни. Азитримицинот е делотворен при тешки инфекции и дава фантастични ефекти, но земен на своја рака предизвикува оштетувања на клетките кои го градат црниот дроб и ако се оштетат може да настане слабост на црниот дроб, исто делува и на спроводниот систем на срцето. Азитромицинот може кај одредени индивидуи да делува на тој начин што ќе го поремети ритамот, работата на срцето, кај некои граѓани тоа може да бидат лесни појави, но може да има и животозагрозувачки компликации. Исто така специфика што ја имаат повеќе антибиотици е тоа што можат да предизвикаат тешко заболување на дебелото црево и до компликации на други органи и сето тоа да биде животозагрижувачки. Затоа јас решив на социјалните мрежи и сега во оваа прилика да апелирам до граѓаните да не купуваат на своја рака посебно вакви лекови, но и генерално било какви лекови, како и да не ги користат без препорака од лекар, рече Чибишев.

Најчитани вести