Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 19:05
sportmedia
Статија
 

Целиот фудбал во Англија во аматерските лиги под Националните конференции север и југ, ќе заврши веднаш и сите резултати ќе бидат избришани. Ваква одлука донесе Англиската фудбалска асоцијација.

Тоа значи дека во овие натпреварувања нема да има промоција или испаѓање во овие лиги. Истото ќе се случи и во женска конкуренција.

Сепак, Националната лига, Националната лига Север и Југ, како и женскиот премиерлигашки шампионат ќе продолжат „што е можно побрзо“.

Фудбалската асоцијација соопшти дека ги „прегледува сите опции“ за комплетирање на машкиот ФА Куп, кој стигна до четвртфиналната фаза и други натпревари во купот.

„Ова се предизвикувачки околности за англискиот фудбал и сите донесени одлуки се во најдобар интерес на играта“, се вели во соопштението на ФА.

„Нашата примарна грижа секогаш ќе биде безбедноста и благосостојбата на клубовите, играчите, персоналот, службените лица, волонтерите и приврзаниците за време на ова невидено време. Денешните чекори го земаат предвид финансиското влијание на овој неизвесен период“.

sportmedia.mk

Најчитани вести