Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 18:35
sportmedia
Статија
 

Кровната организација на светскиот фудбал, ФИФА достави интерен документ до надлежните институции во кои се најавува како ќе бидат регулирани следниот преоден рок односно актуелните договори на фудбалерите низ клубовите.

Според истиот, договорите на фудбалерите и стручните штабови со актуелните клубови ќе мора да бидат продолжени се до моментот додека трае актуелниот шампионат во таа земја.

Во истиот документ се предлага и промена на терминот на следниот преоден рок кој би се ускладил со датумот на доигрувањето на актуелната сезона по држави. Од клубовите се бара взаемно разбирање околу примањата во овој момент.

Доколку дојде до преклопување на тековната и следната сезона, и рокот за регистрација на играчи, тогаш предност ќе се даде на актуелниот клуб на играчот за да се заштити интегритетот на домашните шампионати. Секако, тоа нема да важи доколку сите инвлвирани страни се сложат на нешто спротивно. Исплатите меѓу клубовите исто така ќе треба да бидат одложени се до стартот на следната сезона.

sportmedia.mk

Најчитани вести