Како почнало масовното ширење на корона вирусот во Европа? Истрагата на австриските државни органи конечно го има и го објави одговорот. За прв пат корона вирусот во Европа е констатиран на 30 декември во Италија, а потоа и неколку други изолирани, поединечни случаи, но масовна појава за прв пат во Европа е забележана во Австрија.

Само час и половина пред австриската влада да ги стави во карантин скијачките центри во покраината Тирол на 13 март, за намерата се дознало и сопствениците, менаџерите на хотелите во елитните ски центри низ Тирол преземале мерки кои подоцна ќе бидат причина за губење контрола врз првото познато жариште на корона вирусот во Европа, во австрискиот ски центар Ишгл, и ширење на вирусот низ Австрија и други европски држави.

Хотелиерите и сопствениците на хотелите и рестораните во најкус можен рок, веднаш, и отпуштиле сезонските работници и ги советувале да ја напуштат долината пред стапување на сила на карантинот, пренесува австрискиот јавен сервис ОРФ. Според истрагата, Туристичкиот одбор во Тирол ги известил хотелиерите за планираните мерки против ширење на вирусот непосредно пред воведувањето на карантинот.

Очигледно, не помислиле дека некои сопственици на хотели и ресторани можат набрзина да отпуштаат работници заради ова, сезонските работници да го напуштат Тирол и да заминат во своите домови низ Европа поради што вирусот потоа се ширел ширум светот.

Како почнало се. На крајот на февруари, првиот потврден случај на зараза од корона вирус во Тирол/Австрија бил сокриен а се појавил во еден бар каде се собираат скијачи. Обвинителството во Инсбрук, според тоа, во вторникот започна истрага за бар-операторот под сомнение за несовесно ставање во ризик по живот на луѓето во опасност од заразна болест. Покрај ова, поднесени се и неколку други кривични пријави.

Ова се само најновите детали од истрагата во случајот Ишгл кои со денови ја окупираат Австрија. Властите наоѓаат нови докази секој час за тоа како се појавил и ширел вирусот Сарс-КоВ-2 неконтролирано од ски-центрите во Тирол. Стотици туристи од цела Европа се заразиле во Ишгл и, несвесни за ништо, се вратиле заразени во својата татковина, а кон ова дополнитело се ширел од вработените сеонски работници во ски центрите. Германскиот министер за здравство Јенс Спан минатата недела изјави дека зголемувањето на заразата во Германија најверојатно се должи на враќањето на Германците од скијање во Австрија.

Иако 15 Исланѓани се разболеа, зимските радости продолжија

Исландските власти го прогласија Ишгл за област со висок ризик уште на 5 март, осум дена пред воведувањето на карантинот, откако кај група туристи во Австрија било пронајден вирусот кај 15 лица. Властите во Тирол биле информирани дури и за имињата на заразените и бил извршен преглед на лицата контактирани од групата во Ишгл. Но профитот кој бил загрозен ако се објави информацијата и преземат заштитни мерки решил дека скијањето треба да продолжи како ништо да не случува.

Набргу потоа, откако првиот случај бил официјално регистриран во Ишгл, вработен во барот „Кикло“ бил тестиран и се покажало дека е позитивен. Властите, сепак, рекоа дека не е реално дека тој ги заразил другите. Два дена подоцна, на 9 март, се премислија: утврдено е дека вработениот заразил уште 15 лица.

Поминале уште четири дена и дури тогаш бил воведен карантин. Потоа биле затворени уште две туристички места се додека конечно не биле запрени ски-лифтовите. Но, сериозните промашувања продолжија: по воведувањето на карантинот некои туристи не можеле или не сакале да се вратат дома онака како што дошле па тргнале по обиколни патишта и по патот останувале на разни места ширејќи го вирусот на голем број луѓе.

Владата на автсриската провинција го уверувала Зајточе Цајтунг дека се спроведени контроли за да се избегне контакт со други лица. Сепак, кругот на брзо ширење на вирусот веќе почнал неконтролирано да се шири, а во следните денови Норвешка, Данска, Велика Британија и, пред сè, Германија, објавија дека имаат стотици луѓе кои се заразиле со корона вирусот во Ишгл. Се понатаму е веќе познато и може да се види во дневните извештаи за ново заразени и починати од корона вирусот низ Европа.

Најчитани вести