Употребата на готовина во Велика Британија е преполовена за само неколку дена откако владата воведе ограничување на слободата на движење, објави „Гардијан“.

На драстичниот пад на трошењето кеш влијаеше затворањето на продавниците и масовното преминување на бесконтактно плаќање со цел луѓето да избегнат да бидат инфицирани со коронавирусот.

Податоците на компанијата Линк, оператор на најголемта мрежа банкомати во Британија, укажува дека можно е да дојде до голема промена на паричните навики на корисниците со оглед на тоа што банките и трговците се обврзаа за зголемување на лимитот за безготовинско плаќање без внесување на ПИН кодот од сегашните 30 на 45 фунти.

извор: Makfax

Најчитани вести