Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека не е загрижен за критиките на повратниците од дијаспората дека условите во изолација не се добри. Тој вели дека околу 3.000 ќе бидат сместени на Саем или во белградска Арена, ќе имаат оброк, греење и тоалети.

–Тоа се добри услови, тоа го рекоа и Кинезите-рече Вучиќ.

Со сличен став е и министерот за одбрана Вулин.

Ова не хотел и не може да биде хотел. Постојат строги правила до кои мора да се придржувате. Тука не сте да уживате туку да се лечите-порача Вулин.

Најчитани вести