Иако Дејвид Бекам се надевал дека барем еден од трите сина ќе тргнат по негови стапки и ќе биде фудбалер, момчињата сепак повлекле жица од мајката Викторија и своите кариери ги градат во модниот свет.

Најстариот син на славниот брачен пар Бекам се одлучил за модна фотографија и сите негови мисли се насочени кон тоа.

Светските модни магазини веќе го прогласиле за модна икона од помлада возраст, а и самиот Бруклин се труди на сите можни начини да ги помести границите.

Дека е така, од скоро почнал да ги лакира и ноктите. И додека мажите ширум светот, кога е во прашање маникирот, воглавно бирале лакови во безбојна нијанса, чисто поради сјај, Бруклин отишол чекот понапред.

 

Најчитани вести