Skip to main content
x

26 Mar 2020 - 12:15
sportmedia
Статија
 

Фудбалерите се во карантин во своите домови, а тој е во борба со корона вирусот. Оваа приказна е за Тони Довал, фудбалер кој во екот на пандемијата работи како фармацевт и им стои на располагање на сите граѓани.

Тони е дете на Барселона. Тој бил дел од генерацијата 90-та во ист тим со Жорди Алба, Бојан Кркиќ и браќата Дос Сантос. Само дел од таа генерација го крена нивото во Барса, а Довал не бил меѓу нив. Тој отишол да ја гради кариерата во Селта и таму ја почнал кариерата како профи фудбалер. Во 2007 дебитирал за првиот тим, потоа играл кратко во Уеска, па во американскиот Канзас Сити, па повторно назад во Шпанија во Луго, Леганес, Ваљекано. Потоа повторно во странство во индиските Бенгалуру, Источен Бенгал, а сега е во тајландскиот Нејви.

Но во екот на корона вирусот кога фудбалот е парализиран, тој се врати во Шпанија да работи како фармацевт својата втора професија.

Довал раскажува дека најдобрите фудбалски моменти ги имал во Луго каде што тренер му бил Кике Сетиен, сегашниот стратег на Барселона.

Се чувствував одлично покрај него. Кике ми ги отвори очите, многу научив од него, а не секој тренер знае толку чисто и прецизно да ги објасни принципите на играта“, вели 29-годишниот фудбалер.

Се вратив во Галиција пред Божиќ кога сезоната во Тајланд заврши. Требаше да се вратам на почетокот на годината, но кризата ескалираше. Сите Европјани се во карантин, сега Европа е центар на епидемијата“, вели Тони.

Тони студирал фармација на Универзитетот во Сарагоса паралелно додека играл за Селта. И покрај тоа што фудбалот му одземал многу време, сепак, успеал да го заврши факултетот.

Сега е време да се концентрира на втората професија. Тој работи во аптека која е во сопственост на неговата мајка. Веќе четири месеци издава лекови и дава совети на граѓаните.

Аптеките сега продаваат сѐ: маски, ракавици, алкохол. За жал, некои не разбираат нивниот број се намали. Се е многу тешко да се набават. Кај нас доаѓаат секакви луѓе, дури и со симптоми, а ние постојано мораме да дезинфицираме сѐ. Работиме со ракавици, треба да се внимава максимално. Сегашниот проблем во болниците во Шпанија е што не може да се справи со приливот на пациенти. Не се тука само заболените од корона, тука се и луѓе со срцеви заболувања и други здравствени проблеми. Оптоварувањето е огромно“, вели Тони.

И покрај тоа што Тони сега е фармацевт тој вели дека се уште поубаво му е кога ја шутира топката.

Повеќе сум да ја шутирам топката отколку да продавам маски и лекови. Но ситуацијата е таква и морам да се соочам со тоа. Сите сакаме да помине ова и да се вратиме на нормалниот живот. Во мојот случај на фудбалот – дали во Тајланд или на некое друго место“, изјави 29-годишниот фудбалер.

sportmedia.mk

Најчитани вести