Марин Ле Пен, лидер на Националниот фронт на Франција изјавила дека е прва жртва на вирусот корона во ЕУ.

Таа ја осудила ЕУ како “неспособна да овозможи било каква реакција , солидарност и помош“.

За реакција на француската влада, Ле Пен смета дека била “нестручна и пасивна“ Во изминатите 24 часа во Франција регистрирани се 2.929 нови случаи заболени од корона вирус и во Франција вкупниот број на заразени стигнал до 25.223.

Брзо се зголемува и бројот на починати, со 1.331 жртва Франција е пета во светот.

Во последните 24 часа починале 231 пациент. Загрижува фактот дека од 20.002 активни случаи, дури 2.827 пациенти се во сериозна и критична состојба.

Од почетокот на епидемијата на корона вирус се опоравиле 3.900 заболени

Најчитани вести