Skip to main content
x

25 Mar 2020 - 23:25
sportmedia
Статија
 

Раководството на Германската кошаркарска федерација и 17-те клубови од лигата денеска одржаа видео конференција на која разговараа за актуелната состојба и за тоа како да се справат со официјалните регулативи од државата за борба против пандемијата на коронавирус.

По внимателно разгледување на ситуацијата, решено е првенството да остане на пауза до 30 април, и во тој период да се разгледува ситуацијата и да се оцени дали е можно сезоната да продолжи.

Клубовите ќе се состанат уште еднаш пред 30 април ако ситуацијата и регулативите значително се променат за да разговараат за евентуално решение за крајот на сезоната.

sportmedia.mk

Најчитани вести