Skip to main content
x

25 Mar 2020 - 20:45
sportmedia
Статија
 

„Кориере дело спорт“ денеска пишува дека Барселона нема намера да се откаже од идејата да го донесе Лаутаро Мартинез во својот тим следната сезона. Иако првата понуда била одбиена, каталонците веднаш подготвиле нова.

Нестабилната економска состојба поради коронавирусот ќе ја направи понудата на Барселона многу интересна за Интер, затоа што во замена за Аргентинецот, каталонците понудиле дури 5 свои фудбалери.

Првиот е Артур, а потоа следуваат Жан Клер Тодибо, Артуро Видал, Нелсон Семедо и Карлес Алења. Ова е сосема добра понуда за која Интер треба сериозно да размисли, затоа што покрај овие петмина (или неколку од нив) може да добие и солидна сума во кеш.

sportmedia.mk

Најчитани вести