Од вкупниот број заболени од корона вирусот во Македонија 15 се здравствени работници, вклучувајќи ги и новодијагностицираните во Скопје, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тоа е најголем број на заразени меѓу медицинскиот персонал во однос на сите други држави на Балканот, гледано според број на жители, а допрва треба да се тестираат уште околу 70 медицински лица кои биле во контакт со заболената директорка на кожна клиника Нина Цаца.

Како што соопшти Филипче, заразени медицински лица има во Кавадарци, Дебар, Скопје и во Куманово.

Прашан во каква здравствена состојба се децата кои се дијагностицирани со вирусот и каде се лекуваат, министерот информира дека најмалото дете од Скопје е на домашно лекување, на одделението за инфективни болести во болницата во Штип се лекува 4-годишно девојчето, како и момчето од Дебар кое има 15 години. Сите се во добра состојба во смисла на тоа да е манифестацијата на болеста во лесна форма.

Најчитани вести