На Инфективна клиника се направени тестови на четворица на пациени кои пододлго време се лекуваат таму и тие тестови се негативни. Од тие четворица, тројца се во значајна добра состојба и ќе биде земен уште еден тест утре и доколку и тој тест е негативен тројцата пациенти ќе бидат спремни да се упатат на домашно лекување, рече министерот за здравство Венко Филиче на денешната прес-конференција.

Во изминатото деноноќие имаме заклучно со 12 часот нови 29 случаи на заразени во нашата земја и по градови: Скопје 20, Куманово 3, Прилеп 2, Дебар 1 лице и Велес 3. Вкупно се 177 лица. Според местото на живеење заразени има Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Охрид, Гиостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес.

Денеска од ковид-19 почина 66-годишна жена од Дебар, која подолго време беше на респираторна машина. Таа е трета жртва од коронавирус во Македонија.

Нивната состојба постепено се подобруваше и согласно тестовите исклучително се мали шансите да дојде до некаква компликација или влошување. Од 29-те нови случаи, 5 лица се од кожната клиника кои после 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, тие имаат позитивен резултат. Тоа се колеги во добра општа состојба, асимптоматски, го чекаат дома периодот од 14 дена во самоизолација да помине. Со оглед на тоа што во оваа група има повеќе лица, денеска се овие 5 позитивни од 30 тестирани, а во следните денови продолжуваат да се тестираат и другите пациенти кои доаѓаат од другите места. Поделени се луѓето во повеќе циклуси и треба да завршат во следните 4-5 дена, рече Филипче.

Најчитани вести